8 Факти што треба да ги знаете за спиењето на бебето

бебе спие

Иако се вели "спие како бебе" и таа фраза често се употребува за длабок и долг сон, во реалноста спиењето на бебињата е се освен длабоко и долго.

Еве некои факти за сонот кај бебињата:


Бебињата имаат различни шаблони на сон од возрасните


Како што расте бебето, така и неговото спиење ќе еволуира и ќе стане послично на вашето, но тоа нема и не треба да се случи веднаш. Возрасните спијат подолго, а бебињата спијат во пократки циклуси, кои трајат пократко од еден час. Секој час бебето минува низ период на полесен сон и тогаш е многу полесно да се разбуди во текот на ноќта. Ако на бебето во тој период му е ладно или пак е гладно тоа ќе се разбуди. Ако сте близу до бебето во тој период, можете да му помогнете повторно да премине во длабок сон, без целосно да се разбуди.


На бебињата им е потребно подолго време за да потонат во длабок сон


Ова сценарио се повторува секоја ноќ, низ целиот свет. Го ставате вашето бебе да спие и кога конечно ќе заспие се обидувате нежно да го ставите во креветчето, но штом ќе ги тргнете рацете - тоа е будно. Запамтете дека на бебињата им треба околу 20 минути за да постигнат длабок сон, а додека се во лесен сон тие многу лесно се будат.

Со посматрање на бебето можете да оцените во која фаза на сонот се наоѓа. Ако очните капаци се движат, дишењето е нередовно, рацете му се згрчени, повремено се штрекнува или насмевнува, бебето е во лесен сон. Ако го поместите додека е во оваа фаза, веројатноста дека ќе се разбуди е многу поголема. Кога дишењето ќе стане рамномерно, мускулите се целосно опуштени, гримасите и штрекнувањето исчезнуваат, тоа значи дека бебето е во фаза на подлабок сон и имате поголема веројатност дека ќе го спуштите без да се разбуди.


Ноќните будења се важни за бебето


Спиењето во текот на целата ноќ е како златен грал за родителите, но ноќните будења имаат важна улога во развојот на бебето. Ноќните будења се важни од повеќе причини. Стомакот на бебето е многу мал и потребни му се почести оброци за да биде нахрането. Исто така бебето треба да биде будно за да ги задоволи своите основни потреби, така тоа полесно ќе ви стави до знаење ако му е ладно, жешко и сл., се работи за опстанок. Ова може да биде и природен заштитен механизма против СИДС.


Бебињата учат во сон


Стручњаците за сон велат дека периодот на лесно спиење му помага на мозкот да се развива, со тоа што го спречува да се одмори. За време на оваа фаза протокот на крв во мозокот драматично се зголемува и телото го зголемува производството на одредени нервни протеини, кои ја помагаат актвиноста на мозокот. Некои истражувачи сметаат дека сонот е клучен за правилен развој на мозокот кај бебињата.


Бебињата навистина спијат многу


Вашите подочници можеби кажуваат поинаку, но бебињата поголемиот дел од нивното време го минуваат во спиење. Новороденчињата спијат помеѓу 16 и 19 часа дневно. Тие не разликуваат ден од ноќ, туку спијат во циклуси во деноноќието.

Кога ќе наполнат 4 месеци повеќето бебиња ќе спијат помеѓу 12 и 14 часа, со подолго траење на сонот во текот на ноќта. Тоа не значи дека бебето ќе спие цела ноќ, веројатно дека ќе се разбуди 2-3 пати.


Сите бебиња се различни


Вашето бебе сигурно не ги прочитало истите родителски инструкции како и вие, затоа најверојатно нема да ги достигнува своите чекори според временската линија во вашата книга. Обидете се да не го споредувате вашето бебе со другите бебиња, сите тие се уникатни, а родителите можат да преувеличат колку нивните бебиња добро спијат.

Како што ќе созрева бебето, така ќе спие по подолги периоди во едно спиење. Ќе почне да се буди покасно во текот на ноќта и можеби ќе почне потоа полесно да заспива. Но, запомнете, сето ова ќе се случи како што вашето бебе ќе созрева и нема многу нешта што вие можете да ги направите за да го забрзате тоа. Се сеќавате? Сите тие се уникатни.

Дури и откако вашето бебе ќе стане професионалец за зрело спиење, сепак ќе продолжи да се буди ноќе. Болка заради растење на запчињата, скокови во развојот, сепарациона акнсиозност, претерана стимулација во текот на денот итн. се само едни од работите, кои одвреме навреме ќе го натераат да се разбуди.


Не можете да го присилите процесот


Вашето бебе ќе почне да спие во текот на цела ноќ, но тоа е процес кој не можете да го присилите. Веројатно кога ќе спомнете дека сте ненаспани ве затрупуваат со секакви совети, но внимавајте: многу од нив ќе бидат бескорсни.

Еден мит е дека престанокот на доењето ќе му помогне на бебето да почне да спие по цела ноќ. Ова не точно. Препораките се 6 месеци ексклузивно доење, а цврста храна да се воведе после 6 месеци, за дигестивниот систем на бебето да биде доволно зрел и спремен. Тоа се случува некаде околу шестиот месец.

Друг популарен мит е дека ако го оставите бебето да се исплаче, тоа ќе му помогне да спие цела ноќ. Според некои стручњаци ова има долгорочни штетни последици. Хормонот на стрес го преплавува мозокот, а водено има влиание врз емотивниот развој на бебето, бидејки така тоа не учи дека емоциите можат да се контролираат и дека тоа со своите акции предизвикува мајката да му помогне. Тоа всушност се учи да не плаче, бидејки секако нема кој да му помогне.


Нормално е


Кога имате новороденче животот знае да биде исцрпувачки, но и другите родителите минат низ истото. Не се обидувајте да постигнете се, концентрирајте се на тоа да се грижите за вас и за вашето бебе. Не посветувајте внимание на неесенцијалните работи, вам навистина ви е потребен одмор.