Содржината на алуминум во адаптираните млека и понатаму е превисока

Дека алуминумот е присутен во адаптираното млеко во преголеми дози се знаеше и досега. Уште во 2010 год. Проф. Chris Exley со неговите соработници објавија дека содржината на алуминиум во адаптираното млеко е премногу висока.

Нова, уште поекстензивна студија на професорот покажа дека тоа сеуште е така и дека производителите не смениле ништо. Биле испитани 30 најпопуларни формули на адаптирано млеко во В. Британија и се покажало дека има високи нивоа на алуминиум во секоја една формула.

Алуминиумот е поврзан со неуролошки заболувања, дефекти на коските покасно во животот, како и со деменција. Секој од нас во телото има алуминиум, но децата се особено склони кон негово апсорбирање во телото бидејки немаат добро развиен систем за ослободување од него.

Проф. Exley, вели:

Јасно е дека производителите на адаптирано млеко не се грижат за да ја намалат количината на алуминум, а широката употреба на алуминиум во пакувањата на млеката го потврдува тоа.

Нема адекватен критериум врз кој би се базирале безбедните нивоа на алуминум во детските формули и заради оваа причина разумно е да се превземе акција за да се намали нивото на алуминум на практички најмала можна мерка.

Бидејки производителите на адаптираното млеко не се спремни да go решат проблемот со алуминум, сега е време да реагира владата преку Агенцијата за стандарди за храната за да обезбеди препораки и да ја означи максимално дозволената концентрација, нпр. 50 ppb (50 μg/L) во моментот на употреба, за да се заштитат децата од хронично труење со алуминум во првите недели, месеци и години од нивиот живот.

Истражувачкиот тим објави и публикација во која е прикажана содржината на алумиум во различните видови испитани млека. Се покажало дека формулите во прав имаат повисоко ниво отколку течните.

Во следната табела се вредностите на присутен алуминиум во формулите во прав. Во третата колона се вредностите на алуминум што би ги примило 6 месечно бебе дневно, базирано врз препораките на производителот за потребна количина за таа возраст.

 

Алуминиум во разни типови млека
Тип на млеко μg/L* Дневна количина
што би ја примило
6 месечно бебе

 
Sma Wysoy Soya Infant Formula 629,0 592
Sma First Infant Milk 333,3 323
Hipp Organic Follow-On Milk 500,0 692
Hipp Organic Good Night Milk 406,0 477
Cow & Gate First Infant Milk 424,0 385
Hipp Organic First Infant Milk 394,4 380
Aptamil Follow-On Milk 592,4 532
Cow & Gate Follow-On Milk 477,8 429

 

Колку за споредба, дозволената количина на алуминум во водата за пиење во В. Британија е 200 mg/L.

 

Извор