Месец 2

До крајот на вториот месец повеќето бебиња можат:

 

  • Да следат со поглед предмет кој е одалечен 15-25 см од нивното лице.
  • Да се насмевнат како одговор на вашата насмевка.
  • Испуштаат звуци и гугаат.

 


Некои бебиња можеби ќе можат:

 

  • Да ја држат главата под агол од 45 степени додека лежат на стомак.
  • Да имаат помазни движења.
  • Да ја подигнат главата и градите додека лежат на стомак.
  • Да посегаат по предметите.
  • Да се превртат на стомак или обратно.
  • Да ги спојат двете раце заедно.

 

Прва недела од вториот месец


Вашето бебе може да направи разлика помеѓу познатите звуци и станува подобро во слушањето. Веќе се ускладува со околината и можете да забележите како се врти за да види од каде доаѓа некој звук.

Разговорите со бебето (иако ќе бидат еднострани) можат да му помогнат да развие чувство за неговото место, може да ве гледа фасцинирано во устата додека му зборувате. Ќе се изненадите од неговата способност да комуницира со повторувачки мелодични звуци, насмевки и плач со кои ќе ги покажува своите различни потреби.


Втора недела


Ако вашето бебе спие по 5-6 часа во ноќта можете да се сметате себеси за среќници, повеќето бебиња не го прават тоа. Сепак на оваа возраст бебињата почнуваат да спијат и да бидат будни во подолги интервали, отколку претходно. Интересно е што без разлика дали вашето бебе спие претежно дење или ноќе, кратко или долго, веројатно истиот модел на спиење ќе го задржи во текот на целото детство.


Трета недела


Движата на вашето малечно веќе стануваат малку покоординирани. Ќе можете да приметите како трзаите што ги правеше со рацете и нозете кога беше помало, сега повеќе преминуваат во помазни и кружни движења, особено кога гледа во луѓето.

Обезбедете му на бебето доволно простор за да се истега и да мрда со рацете и нозтете, можете да му постелете ќебе на подот и да го оставите да се движи како што сака. Тие движења ќе му помогнат на бебето за да ги зајакне и тонира мускулите. Кога е поставено на мешето, ќе почне да се подбутнува со ноџињата - првите рани подготовки за лазење.


Четврта недела


Зборувајте му на бебето, читањето дури и оволку мала возраст ќе ви се исплати. Кога бебето ве слуша го развива чувството за говорен јазик. Варирањето на висината на вашиот глас, акцент, слушањето на вашето пеење и сл. ќе го направи поврзуваањето меѓу вас и бебето многу поинтересно.

Ако додека му читате на бебето тоа загуби интерес или се сврти на друга страна, правете нешто друго и дозволете му да се одмори. Следете го бебето и неговите реакции, од тоа ќе научите многу работи.

Што се однесува до изборот на книги, можат да бидат сликовници со шарени, големи слики - кои ќе почнат да го привлекуваат вниманието на бебето.

 

Одделување од бебето



Дури и кога го оставате бебето со блиски луѓе, во кои имате целосна доверба, нормално е да чувстувате извесна загриженост. Тоа што при оставањето на бебето ве фаќа мала нервоза е знак дека сте поврзани и се грижите за него.

Откако го расчистивме тоа, мораме и да додадеме и дека не треба постојано да им попуштате на тие грижи. Потребата од тоа да бидете со бебето треба да ја балансирате со другите потреби, на пример вашето ментално здравје (некогаш мала пауза ќе ви дојде добро и на двајцата), потребата да завршите некоја работа итн.

Кога го оставате бебето со друг, се разбира дека секогаш ќе треба да сте уверени дека е со некој во кого имате длабока доверба.
 

 

Можеби ќе сакате да прочитате и:

 

Како да се справите со небараните совети

Намалена сексуална желба по породувањето

Избор на шише за бебето

 

Претходен месец

    Следен месец