Месец 5

До крајот на петтиот месец повеќето бебиња можат:

 

  • Да обратат внимание на помали предмети кои се наоѓаат пред нивното лице.
  • Почнуваат да го сфаќаат концептот на причина и последица.
  • Да гледаат на другиот крај на собата.
  • Ги користат рацете за да си ја доблжат играчката.
  • Започнува растење на забите.
  • Да посегаат по предмети.
  • Да си го препознаат името.
     


Некои бебиња можеби ќе можат:

 

  • Да си подаваат предмети од едната во другата рака.
  • Посегаат по предмети надвор од нивниот дофат.
  • Да седат исправено без потпора.
  • Да испуштаат зборчиња како ма-ма-ма.
  • Кај некои веќе може да започне фазата на анксиозност кога се одвоени од мајката или страв од непознати.

 

 

Прва недела од петти месец



Вашето бебе иако не може да ги искаже неговите емоции на комплексен начин како вас, тоа сепак јасно ќе може да ви стави до знаење дали среќно или не. Неговата смисла за да ги демонстрира неговите чувства за љубов и хумор почнуваат подобро да се развиваат и ќе ве воодушевуваат се повеќе.

Кога ја напуштате собата можеби веќе почува да плаче или кога ќе се вратите можеби возбудено ќе почне да мафта со рачињата, можеби ќе сака да го земете во раце, па да ве погали по грбот.

Веројатно дека ќе видите дека бебето веќе ги сфаќа вашите шеги, веројатно ќе се смее на вашите смешни гримаси или ќе се обиде да ве натера да се смеете и вие. Смејте се заедно и ужавајте во овие убави мигови.


Втора недела


Вашето бебе може да почне да минува низ стадумот на анскиозност кон непознати. Може да почне посилно да се прилепува до вас и или да се вознемири и да почне да плаче ако некој непознат па дури и познат се обиде да го земе во раце.

Ако бебето не сака да го земе некој непознат, нека не ви биде незгодно. Само земето го назад и смирете го, кажете им на роднините и пријателите да му приоѓаат полека со нежни движења.

Тоа што бебето не сака да го држат во раце непознати, не значи дека треба да избегнувате нови лица. За бебето е добро да среќава и други луѓе освен родителите. Имајте на ум дека на бебето му се потребни вашето трпение и разбирање за да поминете низ овој важен стадиум на развојот.


Трета недела


Вашето бебе станува се повешто во забележување на мали предмети и следење на предметите во движење. Во овој стадиум од неговиот развој тоа веќе можеби ќе може да препознае некој предмет, ако видело само еден дел од него, нпр. ако неговата омилена играчка ѕирка од под кебето. Ова е основа за игрите со криење што ќе ги играте во наредните месеци.


Четврта недела


Вашето бебе веќе слуша и гледа скоро исто добро како и вие, а неговите комуникациски вештини исто така рапидно растат. Доказ за тоа се разните звуци, слогови, промени на висината на звуците кои ги испушта итн. Веќе звуците кои ги произведува вашето бебе јасно ќе можат да ви покажат дали е среќно заради нешто, нестрпливо, па дури и ќе ви покажат кога е задоволно од извршувањето на некоја задача и решавањето на некој проблем.
 

 

Може да ве интересира:

Растење на заби кај бебе

Воведување на прихрана

 

Претходен месец

Следен месец