Развој на различни имунолошки системи кај доените бебиња и оние хранети со адаптирано млеко

бебе со шише адаптирано млеко

Научници од универзитетот на Калифорнија откриле дека кај младенчињата од резус макаки мајмуните, кои биле хранети со адаптирано млеко, се развиле различни имунолошки системи.

Истражувачите очекувале дека различната исхрана ќе доведе до формирање на различна микрофлора во цревата (микробиом), но тие биле изненадени од тоа колку драматично овие микро организми го обликувале имунолошкиот развој. Конкретно, доените мајмуни имале повеќе "мемориски" Т клетки и Т помошнички 17 (TH17), кои се познати дека се борат против салмонела и други патогени.

Разликите опстојале со месеци, откако мајмуните биле одбиени од млеко и префрлени на идентична исхрана, индицарајки дека раната исхрана може да има долготрајни ефекти.

Др. Hartigan-O'Connor, асистент професор по медицинска микробиологија и имунологија, вели:

Видовме како се развија 2 различни имунолошки системи. Еден кај доените мајмуни и друг кај оние кои беа хранети со адаптирано млеко. Но она што најмногу изненадува е трајноста на овие разлики. Микро организмите кај бебињата можат да остават долгорочен белег врз имунолошкиот систем.


Големи разлики на шест месеци


Претходни истражувања фрлија светлина врз врската помеѓу мајчиното млеко, микробиомот и развојот на имунолошкиот систем. На пример, шеќерите од мајчиното млеко можат да го помогнат растот на специфични бактерии, кои подржуваат одредени имунолошки клетки.

Новата студија, која е објавена во Science Translational Medicine, е важен чекор кон разбирањето на тоа како овие одделни парчиња се поврзани помеѓу себе и како тие можат да влијаат врз одговорот на имунолошкиот систем на инфекции или вакцини.

Макаките практично се раѓаат без TH17 клетки и мораат да ги развијат во првите 18 месеци од животот. Некои макаки развиваат поголеми популации на TH17, додека други имаат помалку овакви клетки. Ова може да има огромно влијание врз способноста на животното да се бори со инфекции, осовено со SIV - еден тип на ХИВ.

За да се стекнат со подобро разбирање, истражувачите следеле 6 доени и 6 други мајмуни, кои биле хранети со адаптирано млеко, додека биле на возраст од 5-12 месеци. На шест месеци тие откриле значителни разлики кај микробиомот на двете групи.

Доените мајмуни имале голем број на бактерии: prevotella и ruminococcus, а оние хранети со адаптирано млеко имале поголемо количество на clostridium. Се на се, микробиомот на доените мајмуни бил поразновиден од оној на хранетите со адаптирано млеко.

 

различна цревна микрофлора

Цревната микрофлора кај младенчињата кои биле хранети со адаптирано млеко, наспроти онаа на доените


Цревна микрофлора


Истражувачите доживеале големо изненадување кога ги испитале нивните имунолошки системи. До 12 месеци, двете групи покажале значителни разлики, кои биле сконцентрирани околу развојот на Т клетките. Доените мајмуни имале поголем процент на "мемориски" Т клетки, кои се подобро опремени за да лачат имуно одбрамбени хемикалии, наречени цитокинини, вклучувајки ги TH17 и клетки, кои произведуваат интерферон.

Ова е прв пат научниците да покажат дека овие имунолошки карактеристики можат да добијат белег во првите неколку месеци од животот, вели Amir Ardeshir, прв автор на студијата:

Нашата студија сугерира дека црвениот микробиом, кој е присутен во раниот живот може да остави траен белег врз формата и капацитетот на имунолошкиот систем - или може да се каже програмирање на системот.

Понатамошни истражувања можеби ќе ги идентификуваат хемикалиите, кои ги носат овие промени. На пример, арахидоничната киселина, која го стимулира производството на TH17 клетките и е тесно поврзана со нивниот развој, е пронајдена во млекото на макаките. Претходни студии сугерираа дека таа влијае врз развојот на Т клетките. Истражувачите исто така предупредуваат дека овие хемикалии треба да се испитаат во поголеми студии, за да се разбере нивниот ефект.

Иако ова истражување дава фасцинантен поглед во развојот на имунолошките клетки кај макаките, не докажува дека истите механизми постојат и кај луѓето. Лабораторијата планира да направи слични човечки студии за да ја докаже хипотезата.

Hartigan-O’Connor, вели:

Постои развојно обликување на имунолошкиот систем, кое често пати не го земаме во обзир. Драматично е како тоа се појави во оваа студија. Има многу варијабили за тоа како луѓето и мајмуните се справуваат со инфекциите, во нивната тенденција да развијат автоимуна болест и како реагираат на вакцините. Овој труд е прв чекор кон објаснување на овие разлики.

Извор