Грчеви кај бебето и како да го смирите

грчеви кај бебе

Симптоми  на грчеви кај бебињата

Ако бебето има грчеви, веројатно ќе плаче многу силно, неконтролирано и нема да можете да го смирите. Сепак не се плашете, бебињата кои имаат грчеви не назадуваат во развојот.

Обично се јавуваат од 2-та до 4-та седмица од животот на бебето и најчесто завршуваат во 3-от месец. Сепак за жал понекогаш продолжуваат до 6-от или 9-от месец. Најчесто се јавуваат од 18-24 часот. Или пак се јавуваат во текот нацелиот ден, но состојбата се влошува навечер. Кога бебето има грчеви освен што болно плаче, може да ги витка и исправа нозете, а може ќе забележите и дека испушта гасови.

Како да ги смирите грчевите кај бебето

Понекогаш грчевите може да се јават или да се влошат заради исхраната на мајката, која го дои бебето. За да бидете сигурни дека Вашата исхрана не е причина за грчевите кај бебето, обидете се на 2-3 дена да го исфрлите кравјото млело од Вашата исхрана и видете дали ситуацијата ќе се подобри. Ако грчевите се намалат или исчезнат, продолжете да се воздржувате од таа храна. Ако ситуацијата не се смени, можете да продолжите со истата храна.

Избегнувајте да јадете: зелка, карфиол, броколи, лук, соја, грав и сл. Добро е да се обидете да избегнувате кофеин и секако алкохол.

Кога го доите бебето, првото млеко е поретко, но побогато со лактоза, а лакотозата може да предизвика гасови. Како тече доењето, млекото е побогато со хранливи материи, а има помалку лактоза. Затоа обратете внимание на тоа кога цица бебето сегогаш да ја допразнува прво едната града, па потоа префрлете го на другата. Во спротивно ќе ги прими само млекото богато со лактоза.

Исто така и вештачките формули на млеко може да предизвикаат грчеви кај бебето. Ако го храните бебето со вештачко млеко, а страда од гасови, можете да се обидете да го замените со друг вид.

Ако цуцлата на шишето не е со соодветна големина за бебето, тоа при пиењето на млекото ќе голта повеќе воздух, а тоа исто така може да му створи проблеми со гасови.

Докажано е дека бебињата, кои се наоѓаат во простории со чад почесто имаат грчеви.

Ако и покрај се, бебето повторно има гасови, можете да се обидете да му помогнете на разни начини:

  • Можете да се обидете нежно да му ги мрдате ноџињата, како да вози велосипед. На овој начин ќе се створи благ притисок во стомачето и ќе помогне во исфрлањето на гасовите.
  • Оставајте го редовно по малку да лежи на стомачето, но ИСКЛУЧИВО под Ваш надзор (малите бебиња не смее да се оставаат да спијат на стомак, затоа што може да дојде до загушување).
  • Носете го бебето во раце, може и во слинг. Тоа што ќе биде во малку свиткана положба ќе створи притисок за излегување на гасовите.
  • Нежно масирајте го мешето на бебето. Поставете го да лежи на грб и нежно со прстите правете кружни дижења во правец на движење на стрелката на часовникот, почнувајки од под ребрата кон долниот дел.
  • Можете да ставите топла (не жешка) крпа врз мешето на бебето.
  • Ако и покрај овие работи, бебето се уште има гасови, побарајте лекарски совет.

 

За да му помогнете на бебето да заспие може да направите така наречена бела бука, пуштете му снимка со звуци од дожд или на пример пуштете фен во собата.