Како бременоста трајно го подобрува здравјето на жената

Најголемиот бенефит од бременоста јасно е дека е вашето скапцено чудо, кое ќе го држите во прегратка. Исто така постојат и некои привремени придобивки, како блескава кожа, густа коса и сл. Но бременоста ве опремува со здравствени бенефити, што ќе ве следат понатаму во животот.


Поздрав животен стил


За време на бременоста, трудницата прави низа на промени во нејзиниот животен стил, со цел да го осигура здравјето на нејзиното неродено дете. На пример, откажување од алкохол, пушење, поздрава исхрана, вежбање итн. Откако ќе се прилагодите на овие навики има поголеми шанси дека ќе продолжите со нив и после раѓање на бебето, особено ако доите. Сигурно ако сте престанале со пушењето нема да ви изгледа многу привлечна идејата повторно да започнете по породувањето или пак да се вратите на нездравата храна, која секако нема да ви помогне во враќањето во форма.


Полесни месечни циклуси


Многу жени страдаат од болни меструални циклуси, но во однос на ова има добри вести: бременоста често пати резултира со намалени болки и полесни циклуси. После раѓање на првото дете жените често пати веќе не страдаат од грчеви во стомакот или пак се доста намалени. Лекарите сеуште не знаат зошто се случува ова, но бидејки жените кои родиле вагинано почесто имаат намалување на болките, отколку оние кои родиле со царски рез, се претпоставува дека можеби тоа е поврзано со растегнувањето за време на породувањето.


Намален ризик за рак


Бременоста и доењето можат да го намалат ризикот на жената за рак на дојка, на јаници и еднометријален канцер. Ризикот за рак на дојка, особено се намалува ако жената роди млада. Студија покажала дека жените кои родиле пред да наполнат 20 години имале двојно помали шанси да добијат рак на дојка. Друг фактор е должината на доењето. Жените кои доеле подолго (барем една година) имале помал ризик. Ризикот за рак исто така се намалува со зголемување на бројот на родени деца.


Поздраво срце


Главен ризик за жените се срцевите болести, но научни студии сугерираат дека бременоста и доењето можат да придонесат за поздраво срце и помала веројатност за срцеви заболувања. Една студија покажала дека жените кои родиле 4 или повеќе деца имаат помала веројатност да починат од срцев удар, во споредба со сите други жени. Научниците веруваат дека тоа е заради зголемената изложеност на естроген за време на бременоста, што делува како противтежа на недостатокот на естроген во менопаузата, а недостатокот на естроген може да влијае врз здравјето на срцето. Доењето исто така може да придонесе жената да има поздраво срце, како резултат на окситоцинот кој влијае врз здравјето на срцето, а се ослободува при доењето.