Бременоста по недели - ПРВО тромесечие

Social Buttons

Бременост по недели

Бременоста е време на огромни промени за вас и животот кој расте во вас. За да дознаете што се случува со вас и вашето бебе во секоја недела од бременоста, ако веќе не знаете точно во која недела се наоѓате пресметајте со помош на нашиот калкулатор: Калкулатор за термин и недела на бременоста. Калкулаторот ќе ви израчуна колку недели и денови поминале од вашата бременост. Кога ќе дознаете во која недела на бременоста се наоѓате, кликнете на линкот со таа недела.

Бременоста во првото тромесечие

 

Првото тромесечие од бременоста носи големи промени во телото на жената. Тоа се прилагодува на растот на бебето. Важно е да разберете дека тоа се нормални промени. Промените не се случуваат само од недела во недела од бременоста, туку вашето бебе забрзано расте од момент во момент. Тука ќе дадеме краток преглед на она што се случува во секоја недела од првото тромесечие на бременоста, ако сакате да прочитате повеќе за таа недела кликнете на соодветниот линк.
 

Бременоста по недели во првото тромесечие

 

Прва недела од бременоста

 

Во оваа недела вашето бебе сеуште не е зачнато, туку ова е почеток на вашата последна менструација. Можеби тоа ви изгледа чудно, но за почеток на бременоста се смета денот на вашата последна менструација. Бременоста трае 40 недели, почнувајки го броењето од оваа недела (40 гестациски недели). Ова е добро време доколку веќе не сте го направиле тоа да почнете да земате фолна киселина и да престанете со пушењето.

Повеќе за случувањата во оваа недела прочитајте тука: Прва недела од бременоста

 

Втора недела од бременоста
 


Вашето бебе сеуште не е зачнато, но на крајот од оваа недела веројатно ќе се случи овулацијата, односно созревањето и ослободувањето на јајце клетката.

Повеќе за случувањата во оваа недела прочитајте тука: Втора недела од бременоста
 


Трета недела од бременоста
 


Оваа недела се случува оплодувањето на јајце клетката. По оплодувањето клетките почнуваат да се делат со огромна брзина и бебето почнува забрзано да расте и да се развива. Уште од самиот момент на зачнувањето, одреден е неговиот пол, бојата на очите, косата и уште многу други работи запишани во неговите гени.

Повеќе за случувањата во третата гестациска недела прочитајте тука: Трета недела од бременоста
 


Четврта недела од бременоста
 


Вашето бебе е зачнато пред една недела, но ќе се изненадите од брзината со која расте малиот емрион. Оваа недела вашето бебе ќе се всади во матката. Внимавајте на исхраната, престанете со пушењето и алкохолот, сега се обликува иднината на вашето бебе.

Повеќе за случувањата во четвртата гестациска недела прочитајте тука: Четврта недела од бременоста
 


Петта недела од бременоста
 


Оваа недела ќе го добиете вашиот позитивен тест за бременост. Честитки за вас и таткото, започна нов живот кој ќе го збогати вашиот живот како ништо друго претходно. Вашата менструација касни само неколку дена, а малото срце почнува да чука во вас.

Повеќе за случувањата во петтата недела прочитајте тука: Петта недела од бременоста
 


Шеста недела од бременоста
 


Веројатно дека веќе ги чувствувате симптомите на вашата бременост, но сепак некои жени немаат симптоми. Неверојатно, но на вашето бебе веќе почнуаат да му се формираат очите, устата, ушите...

Повеќе за случувањата во шестата гестациска недела прочитајте тука: Шеста недела од бременоста
 


Седма недела од бременоста
 


Ова е многу важна недела за вашето бебе. Секој од големите системи во телото на бебето веќе е присутен, иако тоа сеуште е многу мало. Мозокот се развива со огромна брзина.

Повеќе за случувањата во седмата гестациска недела прочитајте тука: Седма недела од бременоста

 

Осма недела од бременоста
 


Во ова време ако направите ултразвучен преглед кај вашиот гинеколог, веројатно ќе го слушнете ако веќе не сте го слушнале чукањето на срцето на вашето бебе. Искуство кое никогаш нема да го заборавите.

Повеќе за случувањата во осмата гестациска недела прочитајте тука: Осма недела од бременоста
 


Деветта недела од бременоста
 


Бебето интезивно се развива, а вие веројатно чувствувате умор и исцрпеност.

Повеќе за случувањата во оваа недела прочитајте тука: Деветта недела од бременоста

 

Десетта недела од бременоста
 


Кај вашето бебе се формирани лактите, колената, глуждовите, прстите и тоа има целосно форма на човек.

Повеќе за случувањата во десеттата гестациска недела прочитајте тука: Десетта недела од бременоста
 


Единаесетта недела од бременоста
 


Сите витални органи на вашето бебе веќе се развиени и функционираат. Критичниот период е завршен и сега влијанијата на средината не се толку големи, како досега. Отсега следува период на интезивен раст на бебето.

Повеќе за случувањата во оваа недела прочитајте тука: Единаесетта недела од бременоста

 

Дванаесетта недела од бременоста
 


Оваа недела би требало вашите мачнини да стивнат или да се намалат, сепак кај некои жени продолжуваат и понатаму. Бебето продолжува да се развива и расте, се појавуваат пупките за вкус на јазикот.

Повеќе за случувањата во оваа гестациска недела прочитајте тука: Дванаесетта недела од бременоста
 


Тринаесетта недела од бременоста
 


Црниот дроб почнува да лачи инсулин, а вие поминавте една третина од бременоста.

Повеќе за случувањата во тринаесеттата гестациска недела прочитајте тука: Тринаесетта недела од бременоста

 

На следниот линк можете да прочитате подетално за секоја недела од бременоста: Бременост по недели