Полза од чиа семките во бременоста

Чиа семките имаат мал број на калории, но затоа се многу богати со хранливи состојки. Всушност, чиа семките се вонредно богати со антиоксиданти и многу лесно можат да се додадат во различни јадења (смуди, супи итн.) па со тоа е многу лесно да ги инкорпорирате во вашата исхрана.


Полза од чиа семките во бременоста


Како што веќе спомнавме чиа семките се исклучително богати со нутритиенти, вклучувајки: омега 3 масни киселини, протеини, железо, фосфор, магнезиум, манган, бакар, цинк, ниацин, растителни влакна итн. Еве што значат чиа семките за вашето бебе:

Омага 3 масните киселини се важни за здравјето на мозокот, не само на вашиот, туку играат многу важна улога во развојот на мозокот на бебето.
Калциумот е витален за развој на скелетот на бебето, особено во поселдното тромесечие. Чиа семките содржат 5 пати повеќе калциум од млекото, а воедно содржат и бор, кој исто така е критичен за здравјето на коските.
Железото е неопходно за изградба на црвените крвни клекти, кои го транспортираат кислородот низ телото. Во бременоста има потреба од зголемен внес на железо за телото да се адаптира на зголемениот волумен на крв, кој е потребен за раст на бебето. Тука можат да помогнат чиа семките.
Растителните влакна се исто така многу важни, а особено во бременоста кога кај многу жени се јавува и запек. 28 грама чиа семки содржат дури 11 грама влакна, што е прилично голема количина.
Другите бенефити од консумирањето на чиа семки вклучуваат: забавена апсорпција на шеќерите и подобрување на нивото на енергија. Со забавеното апсорбирање на шеќерите чиа семките можат да ја намалат можноста за гестациски дијабетис и претерано качување на килажа.

 

 

чиа семки


Како да ги внесете чиа семките во исхраната


Оваа не е воошто тешко. Чиа семките можете едноставно да ги помешате со јогурт или да ги додадете во вашето омилено смуди, можете да го додадете во супи, сокови итн. За подобра апсорпција на хранливите материи пожелно е да ги оставите да отстојат потопени на пример во јогурт за време од 4 часа или да ги сомелете.