Демистифицирање на едно домашно породување

Фотографката Jackie Dives со години работи како дула - жена чија улога во породувањето е да им дава на жените подршка, утеха, охрабрување и помош.

Таа вели дека присуствувала на голем број прекрасни породувања и сака да го демистифицира породувањето во домашни услови. Неодамна таа издаде серија од фотографии со таа цел.

Како дула таа им помага на жените и на нивните партнери пред, за време и после породувањето со информации, физичка помош и емотивна подршка. Исто така таа нуди едукација, масажа и техники на релаксација.

Џеки сака да го тргне велот од породувањето и да покаже дека породувањето дома не е некој див или случаен избор.

Таа е пресреќна бидејки само еден ден откако ги објавила сликите на својот блог, добила писмо:

Јас сеуште не сум бремена и не планирам да бидам наскоро, но знам дека кога ќе дојде времето за да раѓам нема да се плашам. Милион пати благодарам.

Тоа прилично добро ги сумира причините зошто е важно да се има позитивни слики за породувањето.

На фотографиите подолу е породувањето на фотографката Julia Marincat.

 

На првата фотографија Јулија добива масажа од својата сестра, додека свири на клавир во опуштена атмосфера.

 

Подршка од сопругот

 

 

 

 

 

 

Најголемата радост

 

Радоста ја споделуваат со уште две сестри на Јулија