Калкулатор за термин на породување и тромесечија во бременоста

Social Buttons

Термин за породување

 

Терминот за породување не е зацртан датум на кој ќе се роди вашето бебе, туку повеќе е ориентациона вредност за траењето на бременоста. Вашиот термин за породување можете да го пресметате многу едноставно со помош на калкулаторот подолу. Само внесете го датумот на вашата последна менструација и автоматски ќе го дознаете терминот. Но тоа не значи дека бебето навистина ќе се роди на тогаш. Многу мал број бебиња се раѓаат токму на поставениот термин за породување. Најголемиот број на бебиња ќе се родат неколку дена пред или неколку дена после терминот.

Официјално се зема дека бременоста трае 40 недели или 280 дена, почнувајки со сметање од денот на вашата последна менструација.

 

Калкулатор за термин на породување

Калкулаторот ќе го пресмета вашиот термин за породување и ќе ви покаже колку точно седмици и денови има поминато од вашата бременост. Исто така ќе можете да видите кога ќе влезете во второ и трето тромесчие од бременоста

 

Датумот на вашата последна менструација: (MM/DD/YYYY формат, нпр: 03/26/2014)
Просечното траење на еден ваш циклус: (22 до 45) (Не е задолжително пополнувањето на полето)
Просечната должина на вашата лутеална фаза: (9 до 16) (Не е задолжително пополнувањето на полето)
РЕЗУЛТАТИ БАЗИРАНИ ВРЗ ВАШИТЕ ВНЕСЕНИ ВРЕДНОСТИ:
Проценето време на зачнување:
Срцето на бебето веројатно ќе може да се слушне на:
Првите движења на бебето веројатно ќе можете да ги почуствувате од:
Вашето прво тромесечие ќе заврши на:
Вашето второ тромесечие ќе заврши на:
Термин за породување:
Има поминато: од вашата бременост.

Важно: Секоја бременост е различна, така што срцето можеби ќе се слушне неколку дена подоцна, можеби нешто подоцна ќе ги почувстувате движењата на бебето и се разбира дека терминот е само проценка, а не зацементиран датум за раѓање на бебето.

Повеќе за текот на бременоста по недели, развојот на бебето и се што се случува со вас во конкретната недела прочитајте тука: БРЕМЕНОСТА ПО НЕДЕЛИ