Десетта седмица од бременоста

Што се случува во десетата недела од бременоста?

Мајката:

Уморот се уште е присутен. Од оваа недела можеби утринските мачнини ќе почнат да се намалуваат или тоа ќе се случи во следните неколку седмици. За сметка на тоа промените на расположението стануваат поинтензивни. Така ќе продолжи и во следните неколку месеци. Вашето расположение се менува од минута во минута. За неколку минути може да се смени од смеа во плач и повторно во смеа. Не се грижете, за тоа се одговорни хормоните во вашето тело.

Бидејки волуменот на крвта кај вас се зголемува за околу 40-50%, во текот на бременоста вените стануваат поизразени. Особено почнуваат да се познаваат вените на градите, стомакот и нозете. Во исто време тоа значи и дека Вашето срце треба да работи засилено, што е една од причините за уморот што го чувствувате.

Совет: Иако можеби се чувствувате исцрпено, добро е после консултација со лекар да започнете некои лесни вежби, на пример некои лесни вежби за истегнување. Умерената физичка активност, доколку лекарот ја дозволи е добра припрема за чинот на породувањето. Исто така добро ќе Ви влијаат и редовни прошетки. Лесната физичка активност не само што ќе Ви помогне да го одржите телото во форма, туку е добра и за ослободување од стресот.

Бебето:

Повеќето од зглобовите се веќе формирани: лактите, колената, рамењата, глуждовите, како и дланките, стапалата и прстите.

Вашето бебе веќе плива во матката, иако вие тоа се уште не можете да го почувствувате.

Оваа недела вашето бебе веќе целосно ја добива формата на човек, ќе ја загуби опашката (која всушносте е разивање на рбетниот мозок), надворешните уши веќе се целосно развиени, очните капаци не се веќе прозирни.

Оваа недела во мозокот на бебето, секоја минута се ствараат по 25.000 нови неврони.

Сите органи се на свое место, иако не се сосема созреани.

Просечната должина изнесува 27-35 мм, а тежи околу 4 грама.

Таткото:

Можеби и вашите чувства се променливи, во врска со бременоста и промената која ве очекува. Можеби во еден момент сте пресреќен што ќе станете татко, а во следниот ве фаќаат стравови од целата новoнастаната ситуација. Не се вознемирувајте, не сте единствен. Обидете се со мајката на вашето дете да ги споделите чувствата и да си ја дадете меѓусебната подршка, која ви е потребна и на двајцата.


bremenost nedela 10

Бебе во 10-та седмица на бременост

 

 

Анимација на развојот на бебето 8 седмици по оплодувањето (10-та гестациска седмица)

 

 

Претходна Следна