Четиринаесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Хормоните се смируваат, па така и вашите неугодности.

Сепак во ова време како резулат на опуштањето на вашите црева (исто така предизвикано од хормони) може да почнат проблемите со запек.

Често пати на средина на стомакот се јавува темна линија или Линеа Негра, а вените на градите можете да приметите дека стануваат уште поизразени.

Хормонот релаксин, оваа недела го достигнува максималното ниво, што ќе се одржи до после породувањето. Овој хормон прави да се опуштат мускулите и зглобовите. Тоа овозможува малата карлица и колковите да се прошират, правејки место за зголемената матка. Сепак заради тоа вие може да чуствувате болки во грбот. Доколку чувствувате мали болки или лесни, мали контракции, не паничете, лигаментите на матката се растегаат и другите органи прават место.

Совет: Искористете го времето колку можете повеќе за прошетки, пикници и сл. За да ги избегнете или намалите проблемите со запекот, обидете се да внесувате што повеќе храна, богата со растителни влакна.

Бебето:

Оваа недела вашето бебе веќе ги има и отпечатоците на прстите.

Неговите движења се усовршуваат и веќе не се само неконтролирани груби движења. Иако движењата се суште рефлексни, бебето веќе може да стега и отпушта тупаница, да ги витка лактите и сл.

Прoсечната должина на бебето е 10-12 см, а тежи околу 45 грама.

Таткото:

На мајката и е подобро, па искористете го и вие овој дел од бременоста. Уживајте додека можете.


bremenost nedela 14

Бебе во 14-та седмица на бременост

 

 Развој на бебето 12 седмици по оплодувањето (14-та гестациска седмица)

 

 

Претходна Следна