Дваесет и прва седмица од бременоста

ШТО СЕ СЛУЧУВА ОВАА НЕДЕЛА ОД БРЕМЕНОСТА?

Мајката:

Честитки. Влеговте во втората половина од вашата бременост.

Емотивно и психички веројатно се чувствувате подобро.

Додека некои симптими се одамна зад вас, некои се сеуште изразени. Во поизразените нелагодности спаѓаат: киселините, тешкотиите со обработката на храната, подуеноста, гасовите и сл. Особено може да дојде до израз отеченоста на стапалата и глуждовите.

Што се однесува до големината на вашот стомак, тој веќе гордо го најавува доаѓањето на вашето бебе.

Совет: За да ги намалите отоците на нозете, секогаш кога можете држете ги стапалата на повисоко и пијте доста течности. Тоа ќе Ви помогне да се намалат отоците.

Зборувајте му и пејте му на вашето бебе, тоа може да го разликува вашиот од останатите гласови. Испитувањата покажале дека срцето на бебето почнува да чука побрзо, кога го слуша гласот на мајката. Не мора да чекате да се роди за да се поврзете со вашето дете.

Можете да уживате, шетајки по продавниците, барајки ги оние работи што ќе ви бидаат неопходни за неговото доаѓање.

Бебето:

Вашето бебе сеуште може слободно да се движи во плодовата вода која го опкружува. Кон крајот на ова тромесечие ќе се смести со главата надоле. Понекогаш ова превртување на бебето може да се случи дури во третото тромесечие. Околу 3-4% од бебињата сепак не ја завземаат оваа позиција, се до породувањето.

Срцето станува се посилно и веќе може да се слушне и на обичен стетоскоп.

Досега еритроците беа произведувани во црниот дроб и слезината, сега почнуваат да се создаваат и во срцевината на коските.

Вашето бебе и досега голташе од плодовата вода, но сега како што се развиваат неговите црева, тоа може и да абсорбира мало количество од шеќерите што се наоѓаат во неа.

Ќе можете да го почуствувате и икањето на бебето. Тоа се јавува затоа што малите бели дробови вежбаат за идното дишење.

Просечната должина на бебето е околу 26 см, а просечната тежина околу 360 грама.

Таткото:

Ова е време кога мачнините од првото тромесечите се минато, а тешкотиите на второто се уште не се пристигнати. Искористете го ова време за да отидете на викенд или можеби на одмор. Доколку патувате, задолжително советувајте се со гинекологот на мајката.

 

bremenost nedela 21

Бебе во 21-ва седмица на бременост