Дваесет и втора седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Во оваа фаза од бременоста, се уште се чувствуате удобно и активно. Сепак проблемите со киселините и варењето на храната, заради трудничките хормони и намалениот простор во вашиот стомак, може да станат уште поизразени.

Од друга страна пак се вели: колку поголем стомак, толку поголема сексуална желба. Зголемената циркулација на крв во вагината и клитористот, понекогаш придонесува не само за зголемување на желбата за интимност, туку некои жени за прв пат успеваат да постигнат оргазам. Доколку не се работи за комплицирана бременост (нпр. повеќекратна бременост, спуштена плацента или некој друг проблем) нема никаква причина да се воздржувате од интимноста во вашиот брак.

Бидејки во овој период се случува нагло качување на телесната тежина на мајката, последица може да бидат болки во грбот.

Совет: Ако имате проблем со киселините, продолжете со поголем број помали оброци, наместо со помал број обилни.

За да си помогнете во врска со отекувањето на нозете избегнувајте подолго стоење во место или пак подолго седење. Качете ги стапалата во висина над вашите колена.

Доколку ви се јавуваат грчеви во мускулите на нозете, тоа може да биде знак на недостаток од калциум. Ако се појават овие грчеви истегнете ги нозете и исправете ги глуждовите. Исто така и масажата на листовите може да биде од голема корист. Носете ниски потпетици. Високите само би Ви го зголемиле проблемот.

Бебето:

Иако е се уште мало, вашето бебе е доста добро развиено.

Оваа недела, тоа има и веѓи.

Продолжуваат да се развиваат внатрешите органи и забрзано се подготвува за животот надвор од вашата утроба.

Во оваа фаза мозокот расте многу интезивно.

Просечната должина на бебето е околу 28 см, а просечната тежина околу 425 грама.

Таткото:

Ако сте од оние особно сочувствителни мажи, можно е и вие да имате качено некој килограм од почетокот на бременоста или да чувствувате некои од симптомите на бременоста на вашата сопруга. Не сте единствен. Испитувањата покажуват дека не е мал бројот на мажи, кои ги чувствуваат тегобите на бремените сопруги.

Обидете се да и помогнете со масажа на нозете и грбот. Ќе ви биде навистина благодарна.

 

bremenost nedela 22

Бебе во 22-ра седмица на бременост