Дваесет и деветта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Како што расте вашето бебе, така расте и вашето тело.

Ги имате сите неугодни симптоми како и претходно. Чешање на кожата, киселини, проблеми со варењето на храната, отеченост, болки, грчеви во нозете, проширени вени, хемороиди, зачестено мокрење... Отоците се предизвикани од здржување преголемо количество вода и се нормален дел од бременоста. Може веќе да не можете да ги облечете ниту старите чевли.

Сепак во случај кога отеченоста е преголема, може да биде знак за прееклампсија.

Прееклампсијата е пореметување на крвниот притисок за време на бременоста. Нејзини симптоми се: зголемен крвен притисок и изразена отеченост, главоболка, гадење и повраќање. Ако не се превземат соодветни мерки, може да биде многу опасна. Прееклампсијата може да доведе до грчеви и мозочен удар на мајката или смрт на бебето, заради предвременото одвојување од плацентата. Благовремената дијагноза може да ги спречи сите овие несакани последици.

Совет: За да го намалите отекувањето, пијте повеќе течности и намалете го количеството сол што го внесувате во организмот. Тоа можеби нема да Ви биде пријатно, но може да биде од голема помош. Исто така можеби ќе ви помогне ако легнете со стапалата кренати на перниче. Избегнувајте да стоите подолго време на нозе.

При лекарските контроли објаснете му ги на лекарот сите неугодности што ги чувстувате.

Прееклампсијата е многу сериозна состојаба. Затоа ако почувствувате симптоми на нејзино јавување, итно јавете се кај вашиот лекар.

Најдобар лек за нормалните неугодности на третото тромесечие се: пронаоѓањето удобна положба, прошетките, одморот и внимавањето на правилната исхрана.

Бебето:

Вашето бебе забрзано се подготвува за денот кога ќе дојде во надворешниот свет.

Коскената срцевина сега целосно го има превземено производството на црвените крвни клетки.

Количеството на урина што бебето ја испушта секојдневно во плодовата вода е околу 0,5 литри.

Мозокот веќе може да врши извесна примитивна контрола врз процесот на дишење, како и на регулирањето на телеснатата температура.

Клоцањето на бебето се уште е силно, но наскоро со стеснувањето на просторот ќе се намали.

Продолжува да се акумулира слојот од сало.

Просечната должина на бебето сега е околу 38.6 см, а просечната тежина околу 1150 грама.

Таткото:

Масажата на грбот и стапалата може многу да и помогнат на мајката.

Разговарајте со неа за се што ја мачи и обидете се да земете што поактивна улога. Дознајте и Вие што повеќе за текот на породувањето и околу тоа што може да очекувате во процесот на закрепнување.

 

bremenost nedela 29

Бебе во 29-та седмица на бременост