Триесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Старите симптоми продолжуваат: чешање на кожата, киселини, проблеми со варењето на храната, подуеност, гасови, отеченост, болки во грбот, стомакот, грчеви во нозете, проширени вени, хемороиди... Но, наградата ќе биде незамисливо поголема од сето тоа.

Совет: Внимавајте на знаците на прееклампсија. Ако почувствувате нагло отекување, главоболка, гадење и повраќање, ВЕДНАШ реагирајте и одете на лекар. Благовременото реагирање е од исклучителна важност.

Во третото тромесечие е честа појавата на хемороиди. Пред да почнете да употребувате било какви лекарства, посоветувајте се со вашиот лекар. Некои од нив можат да му наштетат на бебето.

Не се откажувајте од Вашите редовни прошетки. Тие ќе ви помогнат да го одржите телото во кондиција за денот на породувањето.

Сепак во никој случај не треба да се преоптоварувате и секогаш обидете се да си го дозволите потребниот одмор.

Имајте в предвид дека најудобна положба за спиење во текот на брменоста е кога сте свртени на лева страна. Тогаш аортата е најслободна за да овозможи нормален доток на крв во вашето тело.

Бебето:

Нежните влакненца, кои го покриваат вашето бебе полека почнуваат да исчезнуваат.

Кога е будно, бебето ги држи очите отворени и е свесно за она што се случува околу него. Тоа разгледува наоколу, иако заради тесниот простор глетката му е ограничена. Матката не е секогаш темно место. Светлината на околината во која се наоѓате може да продре во неа и да му го овозможи разгледувањето.

Оваа недела бебето е сконцентрирано на растот на мозокот.

Просечната должина на бебето сега е околу 39.9 см, а просечната тежина околу 1320 грама.

Таткото:

Продолжете со подршката на мајката.

Вашите масажи сеуште се добродојдени.

Охрабрете ја на заеднички прошетки.

Имајте на ум, дека со тоа што земате активно учество во бременоста, Вие вложувате во среќата на Вашето семејство.


bremenost nedela 30

Бебе во 30-та седмица на бременост

 

Развојот на бебето 28 седмици по оплодувањето (30-та гестациска седмица)

 

 

Претходна Следна