Триесет и прва седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Бебето расте, а со тоа и вашите болки во ребрата и колковите. Си остануваат грчевите во нозете, киселините, подуеноста, хемороидите, болките во грбот...

Иако многу ретко, сепак некои жени и овој дел од бременоста го помнуваат без проблеми и неугодности. Ако сте една од нив, сметајте се за екстремно среќна.

Како што вашето тело се подготува за чинот на породување, така може да се зачестат и Брекстон-Хиксовите контракции. При овие контракции можете да почувствувате како матката наеднаш се стега. Обично не се болни и се само припрема на телото за вистинските породилни контракции. Најчесто стануваат поприметливи околу осмиот месец и може да продолжат до самото породување.

Совет: Внимавајте да внесувате доволно калциум. Вашите потреби од калциум се зголемуваат со растењето и зацврстувањето на коските на бебето. Јадете млеко и млечни производи.

Продолжете со вашите редовни прошетки.

Болките може да си ги олесните со топла бања, која пак не смее да биде прежешка.

Не се плашете дека заради вашето плитко дишење бебето ќе нема доволно кислород. Тоа прима сосема доволно кислород преку плацентата.

Бебето:

Сега веќе сите 5 сетила на бебето се развиени.

Она што има потреба од најмногу развој се белите дробови.

Со таложењето на сало кај бебето, неговата кожа се измазнува и станува розова.

Музиката што сега ја слуша, вашето бебе ќе ја запамети и после породувањето. Бидејки јасно го разликува Вашиот и гласот на таткото, препорачливо е да му зборувате и пеете. Испитувањата покажале дека срцето на бебето чука забрзано кога го слуша гласот на неговите родители.

Просечната должина на бебето сега е околу 41 см, а просечната тежина околу 1500 грама.

Таткото:

Ова е тежок период за мајката, па обидете да и помогнете колку можете повеќе. Слушајте ги со целосно внимание нејзините поплаки. Обидете се да бидете што поприсутен во нејзиниот живот. Тоа е вашето зачекорување во родителството, иако бебето се уште не е дојдено. Приуштете и масажа на грбот и стопалата. Тоа може во голема мера да и ги намали болките и да и помогне да се опушти.

 

bremenost nedela 31

Бебе во 31-ва седмица на бременост