Триесет и четврта седмица од бременоста

ШТО СЕ СЛУЧУВА?

Мајката:

Вашето тело се повеќе и повеќе се подготвува за породувањето. Можете да приметите како контракциите се засилуваат. Сепак овие контракции најчесто не се ритмички како породилните и се безболни. Тоа ни од далеку не значи дека другите болки што ги чувствувате, ќе исчезнат до крајот на бременоста.

Совет: Многу скоро ќе пристигне новиот член на вашето семејство. Кога тоа ќе се случи вашиот живот целосно ќе се измени и се ќе се врти околу вашето бебе. Искористете го времето до тогаш за да бидете сами, сами со партнерот или со пријателите. Верувајте наскоро оваа можност ќе ја снема.

Запознајте се со техниките на доење. Тоа може да ви заштеди многу маки откако бебето ке се роди. Правилното доење е важно и за бебето и за вас.

Бебето:

Вашето бебе спие со затворени очи, а ги држи отворени кога е будно.

Ноктите се веке целосно пораснати. Влакненцата кои го покриваа цело тело, сега се речиси целосно исчезнати.

Белата сиреста материја (вермикс), која го штитеше од плодовата вода, исто така почнува да исчезнува.

Имунолошкиот систем продолжува да се развива. Бебето е веќе способно само да се штити од некои поблаги инфекции. Досега сите антитела ги добиваше од вас преку плацентата.

Коските продолжуваат да растат и да се зацврстнуваат. Тоа значи дека ќе биде потребно да внесувате и повеќе калциум.

Просечната должина на бебето сега е околу 45 см, а просечната тежина околу 2140 грама.

Таткото:

Мајката може да се чувствува ранливо или нерасположено. Ставете и до знаење дека е прекрасна и дека ќе биде прекрасна мајка. Поминувајте што повеќе време заедно. Потребна и е вашата утеха и подршка.

 

bremenost nedela 34

Бебе во 34-та седмица на бременост