Триесет и петта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Несоницата во овој дел од бременоста е придружник на поголемиот број жени. Несоницата ја создаваат не само физичките неугодности, како честото мокрење и болките, туку и вашите грижи околу сето она што ве очекува.

Досега сите органи во вашето торзо беа притискани и гмечени. Сега и вашето срце ќе биде поместено малку нагоре и налево. Голем дел од вашата крв циркулира низ стомакот, па тоа е причина и за вртоглавиците кои можеби ги чувствувате.

Од градите можете да приметите како ви тече прозирна или белкасто – жолтеникава тчност. Тоа е колострумот, кој ќе биде незамненлива храна за вашето бебе во првите неколку дена од животот надвор.

Имајте на ум дека вашите труднички неприлики многу скоро ќе бидат завршено минато.

Совет: Стравот од породувањето е најнормална работа. Сепак имајте на ум дека тоа е само еден дел од нормалниот животен процес. Многу жени претходно поминале низ тоа. Наместо да се сконцентрирате на болките, мислете на времето кога ќе го држите бебето во раце.

Обидете се да дознаете што повеќе. Дознајте кога треба да тргнете во болница. Ако стасате прмногу рано можеби ќе бидете вратени дома или ќе поминете повеќе време во болница.

Бебето:

Како што расте, вашето бебе има се помалку место за движење.

Оваа недела забрзано се акумулира сало по рацете и нозете на бебето.

Сите органи се одамна присутни.

Просечната должина на бебето сега е околу 46 см, а просечната тежина околу 2380 грама.

Таткото:

Ако мајката е нерасполжена, не го сфаќајте тоа лично. Ако во овој период не е располжена за секс, обидете се да ја разберете. Многу работи се случуваат во нејзиното тело и ум. Држете се за рака, прегрнувајте ја, тешете ја, измасирајте ја. Таа веќе одамна не си ги видела стапалата, па можете да и помогнете околу средувањето на ноктите. Направете да се чувствува посебна, каква и што е.

 

bremenost nedela 35

Бебе во 35-та седмица на бременост