Триесет и шеста седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Имате уште само еден месец, плус или минус неколку дена. Всушност многу мал број породувања се случуваат точно на одредениот термин. Повеќето ќе се случат неколку дена порано или покасно.

Вашето бебе е поголемо, па неговите клоцања стануваат се понепријатни за вашите бели дробови и станатите органи во торзото. Сепак во ова време веројатно бебето ќе се спушти пониско. Тоа е знак дека во наредните неколку недели ќе се случи породувањето. Притисокот на вашите бели дробови ќе се намали, па вашето дишење ќе биде полесно. За сметка на тоа, притисокот што го прави главата на бебето врз вашата бешика ќе се зголеми. Тоа во пракса значи дека проблемите со честото мокрење ќе станат уште понепријатни. Но утешно е што се ќе се заврши многу скоро.

Совет: Имајте подготвено и испрано се што ќе ви биде потребно за бебето. Подгответе ја вашата торба што ќе ја носите во болница. Размислете за се што ќе ви биде потребно за вас и за бебето во тие денови.

Научете ги симптомите на започнување на раѓањето. Тоа сепак може да ви се случи побрзо отколку што очекувате.

Топлата бања може да помогне за значително олеснување на вашите труднички неугодности.

Бебето:

Башето бебе е речиси подготвено за живот во надворешниот свет. Оваа недела продолжува да се складира сало на колената, глуждовите, над лактовите, вратот. Слојот од сало ќе му помогне на бебето во регулирањето на неговата телесна температура откако ќе се роди.

Непцата се многу тврди, иако забите ќе се појават дури неколку месеци откако ќе се роди.

При појава на светлина или звук, ја врти главата на таа страна од каде што доаѓа изворот. Исто така како што ќе прави кога ќе биде новороденче.

Просечната должина на бебето сега е околу 47,5 см, а просечната тежина околу 2620 грама.

Таткото:

Привикнете се на мислата дека вашето бебе наскоро ќе пристигне. Од почетокот можеби нема да се чувствувате удобно додека го држите, но не се откажувајте. Многу татковци имаат страв дека ќе ги повредат бебињата. Не се се плашете, тоа нема да се случи. Формирањето на блиска врска во вашето дете уште од почетокот, е многу важно за неговиот развој, а и за вашиот однос со мајката. Бидете активно вклучен родител.

 

bremenost nedela 36

Бебе во 36-та седмица на бременост