Триесет и деветта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Како што поминува времето, веројатно сте се понестрпливи. Не се грижете, бебето ќе излезе кога тоа ќе биде спремно.

Совет: Научете што повеќе околу правилната техника на доење и она што ќе ве очекува во првите денови од пристигнувањето на бебето.

Иако ова се денови на исчекување, сепак обидете се да се опуштите и да не мислите цело време на тоа.

Сигурно го замислувате денот и моментот кога ќе го видите вашето бебе. Мало предупредување, веројатно нема да личи на бебињата од рекаламите. Породувањето е напорно за вас, но и за него. Кога ќе излезе од тесниот родилен канал може да биде со отечено лице. Бидејки коските на главата се уште нема да бидат залепени, тоа ќе му овозможи полесно да помине низ родилниот канал, но главата уште неколку дена можеби ќе има конусовидна форма. На кожата се уште може да има мали остатоци од белата материја - верникс, која го штитеше од течноста во која се наоѓаше. Некои од влакненцата кои го покриваа, се уште можеби ќе останат на рамењата, вратот или челото.

Сепак тоа не значи дека за Вас нема да биде најубавото бебе кое сте го виделе.

Бебето:

Вашето бебе целосно подготвено го очекува денот кога ќе се роди. Неговата кожа од розова или розово-црвена стана белa или белo-розикава. Тоа е заради акумулираното поткожно сало.

Бебето прима од вашите антитела преку плацентата, па тоа ќе му даде извесна заштита од некои инфекции одкако ќе се роди. Тоа не значи дека работите околу него нема да треба да ги држите стерилни.

Просечната должина на бебето сега е околу 50.7 см, а просечната тежина околу 3290 грама.

Таткото:

Уживајте со мајката во последните моменти од бременоста. Ова беше тежок период за неа, но и за Вас. Не се грижете, ќе бидете одличен татко.