Деветта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Стомакот може да почне да се познава. Сепак она што е најзабележително, е промената на големината на вашите гради. Најверојатно сега носите 1 или 2 броја поголем градник.

Мачнините и исцрпеноста се уште се тука. Можеби често ви се затнува или ви крвари носот, но и тоа е нормална појава во бременоста. Можна е и појава на киселини и проблеми со варењето на храната, додека вашето тело се привикнува на трудничките хормони.

Совет: Гледајте да одвоите што повеќе време за сон, исцрпеноста може да биде огромна.

Што се однесува до изборот на градник, доколку можете допуштете си квалитетен памучен градник, што ќе дава потпора, но никако нека не биде со метални жици.

Бебето:

Како што расте телото, цревата се преместуваат од папочната врвца во стомачната празнина на бебето.

Прстите на рацете и нозете веќе се појавени иако се пократки.

Можеби веќе ќе можете да го слушнете срцето при преглед со ултразвук. Ако и не се слуша во моментот, не се грижете, звукот може да се појави и после неколку недели.

Панкреасот и жолчното кесе се појавуваат. Почнува развојот и на белите дробови. Веќе се развиваат и фоликулите на косата, иако најверојатно бебето ќе го родите без коса.

Оваа недела ќе се појават и надворешните полови органи, но вие нема да можете да го дознаете полот на бебето уште неколку недели.

Вашето бебе понекогаш прави и спонтани движења, сепак вие тоа се уште не можете да го почувствувате.

Просечната должина на бебето за оваа недела е 17-22 мм, а тежи околу 2 грама. Половина од неговата должина отпаѓа на главата.

Таткото:

Нека не ве загрижува ненадејната промена на расположението на идната мајка. Може навидум без причина да почне да плаче, да биде претерано чувствителна или лесно да се вознемирува. Сето тоа е нормално и е резултат на дејствувањето на хормоните. Добрата работа е во тоа што: како што плацентата зрее и ќе почне да го превзема производството на некои од хормоните, мајката ќе биде посмирена. Обидете се да ја разберете и промените на нејзиното расположение да не ги доживувате лично. Потребна и е Вашата подршка.

 

bremenost nedela 9

  9-та седмица на бременост

 

Анимација на развојот на бебето 7 седмици по оплодувањето (9-та гестациска седмица)

 

 

Претходна Следна