Бебињата ја сакаат храната што ја јаделе мајките во бременоста

бебето во матката

Сакате вашето дете да јаде зеленучк? Секако дека сакате. Почнете да го учите рано. Многу рано. Истражувањата покажуваат дека она што го јаде трудницата не само што го храни нејзиното бебе, туку може да ги обликува неговите преференци за храна подоцна во животот.

Кога бебето има само 21 гестациска недела тоа може да чувстува вкусови. Бебето пие од плодовата вода, а во неа се наоѓаат вкусовите на храната и пијалокот, кои ги јадела мајката во последните неколку часа.

Julie Mennella, која ги проучува вкусовите кај бебињата во Monell Chemical Senses Center, вели дека некои од вкусовите за кои се покажало дека се пренесуваат во плодовата вода и мајчиното млеко се: ванила, морков, лук, анис, мента итн. Всушност, истражувачите не откриле ниту еден вкус, кој не се покажал во матката.


Мирисот на плодовата вода


За да откријат дали вкусовите се пренесуваат во плодовата вода, истражувачите на трудниците им дале капсули од лук пред да им земат примерот од плодовата вода. Потоа примерокот им го дале на други луѓе за да го помирисаат. Mennella вели дека било лесно: Тие лесно можеле да го почувствуваат мирисот на лук во примеркот на жените кои јаделе лук. Сетилото за вкус всушност е 90% мирис, така да истражувачите знаеле уште по мирисот дека бебињата можеле да го вкусат.

Таа вели дека идејата ја добила од фармите со крави, кај кои во шеесетите и седумдесеттите години од минатиот век било испитувано влијанието на исхраната врз вкусот на млекото. Кравите кои паселе див кромид или лук или пак живееле во смрдливи штали произведувале млеко со специфични вкусови.


Mennella објасува дека бебињата не само што ја вкусуваат храната која ја јаде мајката, туку кај нив се формира меморија за овие вкусови уште пред раѓањето. Ова може да резултира со животни преференци за тие видови храна. Со други зборови, ако јадете брокула во бременоста, има многу поголеми шанси дека и вашето бебе ќе сака брокула.


За да го докаже ова таа земала 3 групи на трудници. Едната група трудници уште за време на бременоста секојдневно пиела сок од морков, втората група пиела сок од морков за време на доењето и третата група мајки целосно ги избегнувале морковите.

Кога нивните деца дошле на возраст за да почнат да јадат тврда храна им биле дадени житарки, помешани со сок од морков. Се покажало дека бебињата чии мајки пиеле сок од морков во бременоста, јаделе повеќе од житарките со моркови и помалку правеле негативни гримаси додека јаделе.

Mennella вели:



Мајките имаат тенденција да ги хранат децата со она што го јадат и самите. Тоа е природен начин бебињата да се запознаат со храната и вкусовите со кои ќе се сретнат во нивното семејство и култура.