Рибиното масло има огромна важност за развој на мозокот

бебе во стомакото на мајката

Рибиното масло е витално за правилен развој на мозокот на бебињата во стомакот на мајката и после раѓањето. Недостатокот на масните киселини кои се наоѓаат во рибите и некои други храни го ограничуваат растот на мозокот за време на феталниот развој и раниот развој на бебињата. Откритијата им сугерираат на жените да имаат балансирана исхрана, богата со овие масни киселини во бременоста и подоцна за бебето откако тоа ќе се роди.

Недостатокот на одредени масни киселини предизвикува молекуларни промени во мозокот, што придонесува за рестрикција на растот на невроните и синапсите кои ги поврзуваат.

Професорката по Невробиологија Susana Cohen-Cory, со колегите открилe дека n-3 полинезаситените масни киселини се претходници на DHA, која пак има клучна улога за развој на централниот нервен систем. Недостатокот на DHA во студијата со жаби покажал слабо развиени неврони и ограничен број на синапси помеѓу нив - кои се витални за нивната меѓусебна комуникација.

 

бебе


Susana Cohen-Cory вели:


Дополнително, кога исхраната на мајките со недостаток на DHA ја променивме, така да вклучува соодветно ниво на овие масни киселини, растот на невроните и синапсите процвета и во следната генерација се врати во нормала.


DHA е есенцијална за развој на очите и мозокот на фетусот, особено во последните три месеци од бременоста. Таа завзема околу 10-15% од вкупната количина на масти во кората на мозокот. DHA исто така е концентрирана во фотосензитивните клетки во позадина на очите, каде опфаќа околу 50% од вкупните масти во зеницата.

DHA главно може да се прими преку животинските производи: риба, јајца и месо. Масните риби, како скуша, харинга, лосос и сардините се нејзин најбогат извор и содржат 10-100 пати повеќе DHA од храната која не е од морско потекло, како ореви, семиња и зелени лиснати зеленчуци.

DHA исто така природно се наоѓа во мајчиното млеко.

Студијата била направена врз жаби како модел, бидејки нивните ембриони се развиваат надвор од телото на мајката и се прозирни. Тоа им овозможило на научниците да ги пратат динамичките промени на невроните и синапсите на живи ембриони.