Студија: Стапките на царски рез во Европа широко варираат

новороденче и родители

Ризиците кои се поврзани со царскиот рез вклучуваат: побавно зарепнување на мајката, пропуштени добродетелни бактерии за бебето (важноста на микробиомот е огромна и има долгорочно влијание врз здравјето), зголемен ризик за инефкции итн.

Според новата студијата стапката на царски рез е највисока во Кипар (52%), а најниска во Шведска (17%).

Стапката на царски рез во Македонија изнесува околу 30%.

Најниска стапка за планирани царски резови имаат Финска (6.6%), Холандија (7.7%) и Норвешка (6.6%). Највисока стапка на планирани царски резови пак имаат Кипар (38.8%) и Италија (25%).

Стапката на итни царски резови е највисока во Романија (33%), а најниска во Шведска (8.6%).

Проф. Alison Macfarlane, професор по перинатално здравје на Градскиот Универзитет во Лондон, вели:


Со оглед на тоа што практицирањето треба да биде врз основа на докази, изненадува тоа што има такви варијации помеѓу земјите.


Па, од каде се овие големи варијации?

Водечките истражувачи од Градскиот Универзитет во Лондон, велат дека оваквите стапки на варијации можат да имаат неколку објаснувања:

Вклучувајки страв од тужби, финансиски добивки, барања на самите жени за царски рез и перцепцијата дека царскиот рез е безбедна процедура.

Gail Johnson, професионален советник за едукација и истражување на Кралскиот Колеџ за Акушерки вели:



Царскиот рез е итна процедура, која се врши кога нормалното породување нема да биде успешно. Тоа не е избор на животен стил и иако е безбедна операција, носи поголеми ризици од вагиналното породување.


Токму тоа е причина зошто "постојаниот раст" на стапката на царски рез во Европските земји е толку загрижувачка.

Студијата открива дека царскиот рез е најверојотно да биде извршен ако породувањето е за прв пат, ако се работи за повеќекратна бременост или кога жената претходно веќе имала царски рез. Но, студијата укажува и на продолжената дебатата за тоа дали царскиот рез е побезбеден кога се работи за карлично свртено бебе, повеќекратна бременост или кога жената преходно имала царски рез. Ова исто така може да биде објаснување за големата варијација на стапките во различни земји.

Macfarlane, уште вели:


Потребна ни е споредбена ревизија на националните полиси и препораки, како и понатамошно истражување за да се осигураме дека клиничката пракса ќе биде базирана врз докази.