Што работи бебето во матката?

бебе во стомакот

Бременоста без сомневање е чудесен период. Дури и најтешките денови, кога се борите со мачнините, грчеви и што уште не, тешко е да го игнорирате чудото кое расте внатре во вас. Еве некои факти што ќе ве насмевнат, видете што се прави бебето додека расте и се развива во вашиот стомак.

Ја проба вашата вечера

Кога јадете одредена храна, вкусовите можат да бидат детектирани во плодовата вода. Лук, ѓумбир, слатко итн. познато е дека нивните вкусови се пренесуваат во плодовата вода. Научниците веруваат дека ова е природен начин да се подготви бебето за вкусовите на храната, која веројатно ќе ја јаде кога ќе дојде на свет. Уште на 15 недели вашето бебе ќе почне да покажува преферирање на слатки вкусови и ќе голта повеќе плодова вода кога таа е слатка, а помалку кога е горчлива.

Ги отвора очите

Можеби нема многу што да види, но вашето бебе ќе почне да ги отвора очите некаде околу 28-ма недела. За време на второто тромесечие од бременоста, вашето бебе ќе почне да реагира на светлина. Научниците забележале дека бебињата се тргаат од светлината. Силната светлина преку стомакот доаѓа до бебето и таа нема да му наштети, иако тоа уште на 15 недели можеби ќе почне да се трга од неа.

Мочка

За да ги усоврши вештините на мочкање по вашата облека, (понекогаш и лице, да и тоа се случува), кревет итн. вашето бебе почнува со вежбање додека уште е во стомакот. Од крајот на првото тромесечие бебето ќе почне да произведува урина. Тоа ја голта плодовата вода, ја дигестира, ја филтрира низ бубрзите и уринира. Потоа процесот се повторува.

Дише

Папочната врца го снабдува бебето со потребниот кислород, но тоа сепак вежба да дише со вдишување на плодовата вода. Кога има само 9 недели, бебето почнува да ги вежба движењата на дишење. Првото вдишување на воздух е предизвикано од наглата промена на температурата и околината кога бебето ќе се роди. Затоа кога породувањето се прави во вода се внимава температурата на водата да биде колку температурата на телото на мајката - за бебето да го земе првиот здив кога ќе го извадат од водата.

Се смее

Вашиот мал шармер насмевките ги вежба уште додека расте во вашиот стомак. На 4Д ултразвук насмевките почнвуаат да се забележуваат околу 26 недела.

Ика

Икањето почнува уште во првото тромесечие, иако вие нема да можете да го почувстувате додека бременоста не напредне повеќе. Некои жени може никогаш да не го почувстуваат икањето на бебето, но кај некои жени тоа е секојдневие во втората половина од бременоста.

Плаче

Да, бебето во стомакот понекогаш и плаче. Со помош на ултразвук научниците откриле бебињата покажуваат знаци на плачење, па дури и можело да се примети тресење на долната усна кога плачат во матката. Плачењето е важна комуникациска алатка за новороденчињата, па треба да ја усовршат уште пред да дојдат на свет.

Се приврзува

Вашето бебе додека расте во стомакот секојдневно е зафатено со приврзување за вас, додека вие го живеете вашето секојдневие. Во последните 10 недели од бременоста бебето веќе активно обрнува внимание на гласот на мајката. Можеби нема да ве разбере што кажувате, но тоа обрнува големо внимание на начинот на кој го кажувате тоа. Благодарение на тоа што ве слуша како воздивнувате кога имате проблеми со варење на храната, вашето бебе ќе може веднаш да ве препознае штом ќе се роди.