Видео: Што се случува во матката?

Од: Твое Бебе on Сабота, 10/10/2015 - 17:08

За само 38 седмици оплодената јајце клетка ќе се развие во целосно оформено бебе. Животот на бебето во матката се одвива во текот на 38 седмици, но велиме дека бременоста трае 40 седмици бидејки лекарите нејзиното траење го сметаат од првиот ден на последната менструација на мајката. Кај жени со 28 дневен циклус оплодувањето се случува околу 14 ден, па кога на тие 2 недели до оплодувањето ќе се додадат 38 во кои бебето веќе се развива се добиваат 40 седмици.



Оплодената јајце клетка се дели толку многу брзо, што таков раст нема да се случи веќе никогаш во текот на животот. Бебето расте, се оформува и се развива како што е прикажано на видеото, но мајката неговите движења во првото тромесечие нема ни да може да ги почувстува. Се се случува во тајност, но со развој на техниката дознаваме се повеќе за тој чудесен таинствен свет.

За бременост 

Бременост