Предупредување до трудниците да не користат антибактериски сапуни

токсини во бременост

Стручњаците предупредуваат дека вообичаените состојки кои се наоѓаат во антибактериските сапуни и многу козметички средства можат штетно да влијаат врз здравјето на мајката и бебето.

Еден од научниците -учесници на студијата, Benny Pycke, вели дека доказите се повеќе растат дека состојките можат да доведат до развојни и репродуктивни проблеми кај животните и потенцијално и кај луѓето.

На пример во 2010 г. истражувачи од Универзитетот на Флорида, открија дека хемикалијата триклосан попречува еден од ензимите, кој е поврзан со метаболизмот на хормонот естроген.

Во бременоста овој ензим, наречен естрогенска сулфотрансфераза, помага во метаболизирање на естрогенот и негово преминување преку плацентата до бебето.

Естрогенот пак игра клучна улога во развојот на мозокот и регулацијата на гените. изјавуваат научниците во списанието Environment International.

Некои истражувачи исто така сугерираат дека адитивите во антибактериските сапуни можат да доведат до микробиолошка резистентност, што претставува растечки здравствен проблем.

Триклосанот и трициклокарбанот се употребуваат во илјадници производи, кои се рекламираат како антимикробиолошки, вкучувајки пасти за заби, сапуни, детергенти, бои, училишен прибор и играчки.

Во Мај се појави студија која покажа директна поврзанот помеѓу вообичаени хемикалии, кои се употребуваат во домаќинството и оштетување на спермата кај мажите.

Научниците велат дека сеприсутните хемикалии во секојдневните производи, како пасти за заби, сапуни, креми за заштита од сонце итн. можат да придонесат за се пораширените проблеми со неполодност во западниот свет.

Германските и Данските истражувачи тестирале повеќе од 100 секојдневни хемикалии и откриле дека една третина од нив влијаат врз спермата. На листата се наоѓа и триклосанот, антибактериски агенс, кој се помалку се употребува, но сеуште го има во сапуни, пасти за заби итн.

Лабораториските испитувања покажуваат дека користењето на овакви хемикалии влијае врз подвижноста на сперматозоидите, а води и до промени кои ги прават сперматозоидите помалку чувствителни на женските хормони. Овие промени пак можат да го отежнат оплодувањето на јајце клетката.

Во новата студија на Аризона, научниците ја испитувле изложеноста на трудниците и нивните фетуси на триклосан и трициклокарбан, двете најчесто присутни супстанции кои се користат при производство на антибактериски сапуни и други секојдневни производи:

Откривме дека триклосанот беше присутен во урината на сите трудници, кои ги следевме. Исто откривме дека половина од примероците од папочната врвца содржеа триклосан, што значи дека тој се пренесува до фетусите. Трициклокарбанот исто така беше присутен во многу примероци.

Уште полошо било откритието на неговата колешка Laura Geer, од Државниот Универезитет на Њујорк.

Таа вели дека судијата пронашла поврзаност помеѓу високите нивоа на уште едно широко употребувано антимикробно средство, наречено бутил парабен (често користено во козметиката) и пократката должина на новороденчињата. Ова долгорочно може да доведе до промена на родилната величина, предупредува таа.

И покрај тоа што човечкото тело е ефикасно во исфрлањето на триклосанот и триклокарбанот, изложеноста на нив е потенцијално константна.

Во втората половина на Мај, Минесота стана прва држава која ја забрани употребата на триклосан во повеќето хигиенски производи, а забраната ќе стапи во сила во Јануари 2017.