Трудниците добиваат подмладувачки серум од бебињата

мајка и бебе

Она што одамна било познато помеѓу постарите генерации, сега го потврдува и науката. Студија сугерира дека бременоста помага да се обнови способноста на ткивата на мајката да се регенерираат и има подмладувачки ефект.

Ова се заклучоците на Израелска студија.

Постарите жени преку бременоста буквално можат да се подмладат, бидејки бременоста помага да се регенерираат ткивата и да се успори процесот на стареење.

Тоа што трудниците изгледаат како да процветале не се должи на козметичкиот ефект на носењето на бебето, туку се работи за реален физички процес.

Истражувачите ги проучувале ефектите од трансплантација на црн дроб кај бремени и небремени глувци со високо технолошки скенери со магнетна резонанца. Резултатите покажале дека кај помладите небремени глувци 82% од црниот дроб се регенерирал во рок од 2 дена, а кај постарите кај само 46% за иститот период.

Кај бремените постари глувци регенерацијата во рок од 2 дена се случила дури кај 96% - што бил подобар резултат и од младите небремени.

Студијата исто така открила дека бременоста ги заштитувала глувците од оштетување на ткивото во областа околу срцето, што исто така е неповратен дел од човечкото стареење.

Истражувачите велат дека бременоста е уникатна состојба на човечкото тело и како резултат треба да се справи со системите на две личности во исто време.

Постарото од двете тела како да прима подмладувачки серум од бебето кое го носи, па од тука се јавува подмладувачкиот процес кај мајката.

Бидејки бременоста е уникатен биолошки модел на споделен крвен систем, спекулиравме дека бременоста може да има подмладувачки ефект на мајката.

Научнициите од Ерусалим уште ја потврдиле хипотезата дека бременоста може да ја обнови способноста на мускулите на мајката да се регенерираат. Овие ефекти траеле околу 2 месеца после породувањето.