Со вежбање до попаметно бебе

трудница со велосипед

Вежбањето во бременоста влијае на расположението, го намалува ризикот за гестациски дијабетес кај мајките и дебелина кај децата, овозможува полесно постпородилно закрепнување и позитивно влијае врз здравјето. Но, придобивките од вежбањето во бременоста се уште поголеми. Истражувањето е презентирано во Сан Диего, на годишниот состанок на Здружението за Неурологија. Проф. Dave Ellemberg е автор на Канадската студија.

Во рандомизирана контролирана студија научниците проучувале жени во второ и трето тромесечие од бременоста. Едната група пливала или возела велосипед по 20 минути, 3 пати неделно, додека другата група не била активна.

Се покажало дека бебињата кои ги родиле активните мајки имале позрела мозочна активност, отколку бебињата на неактивните мајки. Мозокот на бебињата на активните мајки кога имале само 12 дена можел да се спореди со мозокот на 4 месечни бебиња.

Научниците не се сигурни на кој начин вежбањето го помага развојот на мозокот кај бебињата. Можеби вежбањето го зголемува дотокот на кислород во мозокот на бебето или ја зголемува концентрацијата на протеини кои го помагат развојот на мозокот.

Élise Labonté-LeMoyne, коавтор на студијата, вели дека вежбањето е едноставен и ефтин начин да му овозможите на бебето подобар почеток во животот.