Како влијае исхраната во бременоста и раните денови врз однесувањето и интелигенцијата на децата

Петгодишна студија, во која биле вклучени стотици Европски семејства со мали деца се обиде да го утврди ефектот на Б витамините, фолната киселина, мајчиното млеко наспроти адаптираното, железото, јодот и омега 3 масните киселини врз менталниот, емотивниот развој и однесувањето кај децата од раѓање па до 9 годишна возраст.

Студијата (наречена NUTRIMENTHE) открила дека фолната киселина, која се препорачува да се зема во првите 3 месеци од бременоста може да ја намали веројатноста за проблеми во однесувањето во раното детство.

Јадењето на мрсна риба е корисно не само заради омега 3 масните киселини, кои ги "цигли" за градење на мозочните клетки, туку и заради содржината на јод и неговото позитивно влијание врз способноста за читање кај децата на 9 годишна возраст.

Била потребна долгорочна студија, затоа што краткотрајните студии не биле во можност да го детектираат реалното влијание на исхраната во раниот живот - објаснува Проф. Cristina Campoy. NUTRIMENTHE беше дизајнирана како долгорочна студија, бидејки на мозокот му е потребно долго време за да созрее, а раните недостатоци можат да имаат долгорочни ефекти. Така, раната исхрана е многу важна.

Меѓу другите фактори кои влијаеле врз успехот кај децата биле: Нивото на образование и социо-економскиот статус на родителите, возраста на родителите и како што покажала студијата генетската позадина на мајката и детето. Ова може да влијае врз тоа како се процесираат и пренесуваат одредени хранливи материи за време на бременоста и доењето, и со тоа имаат влијание врз менталниот склоп.

Проф. Cristina Campoy ги советува родителите:

Важно е да се обидете да имате добра исхрана во бременоста и во раниот живот на детето и да го вклучите доењето доколку е можно, бидејки добрата исхрана може да има позитивен ефект врз менталното здравје покасно во детството.