Како да му помогнете на детето да се одвикне од касање
Повеќето деца на возраст помеѓу една и три години поминуваат низ фаза касање.
Причини заради кои децата касаат
Постојат повеќе причини зошто детето каса, еве неколку од нив:
Најчеста причина за касањето кај малите деца е тоа што касањето е еден од начините на комуникација, кој нив им се чини ефективен додека да ги развијат вербалните вештини. Не значи дека ќе касаат сите деца, некои имаат навика да зграбуваат, удираат и сл. заради истата причина.
Друга многу честа причина за касање кај децата е тоа што така ја искажуваат својата фрустрација, многу често чувство помеѓу децата на таа возраст.
Исто така, за едно мало детенце може да биде многу забавно кога неговата мајка ќе скокне од болка или некое другарче ќе почне да плаче. Односно касаат за да добијат реакција.
Тие уште можат да касаат и затоа што им растат заби, секако ставаат се во уста, па зошто не и нечија рака?
Понекогаш, дури може да се работи и за нешто толку едноставно, како глад.
Како да го одвикнете детето од касање?
Мора да му објасните на детето дека касањето е болно и да нагласите колку многу болка создава неговото касање кај другите. Покажете му дека касањето е апсолутно погрешно и неприфатливо и дека не им се допаѓа ниту на мама, ниту на тато. Немојте да слушате совети од типот да му возвратите со касање, за така да сфати дека е болно. Запомнете дека децата учат со имитирање, ако вие касате, тоа ќе каса уште повеќе.
Ако откриете дека вашето дете каса од фрустрација, обидете се да му дадете алтернатива во нејзинито изразување. Иако јазикот сеуште е тешка задача за децата на оваа возраст, повеќето од нив можат да научат зборови кои се прифатливи за таква ситуација. На пример можете да му објасните нешто слично како овие примери: Треба да им кажеш на мама и тато дека ти е потребна помош, наместо да не касаш... Покажи и на мама што ти треба, но немој да касаш. Ако ја касаш мама ќе ја повредиш, а знам дека не сакаш да повредуваш, нели? Помогнете му да научи да ја изразува својата фрустрација со зборови како: лут сум, тоа е моја играчка и сл.
Стручњаците се согласуваат дека на касањето не треба да му се даде преголемо внимание за да не почне детето да го користи како начин да добива внимание. Ова важи за секое однесување, кое не сакате да се повторува. Понекогаш на детето ќе му годи било какво внимание, па макар и негативно.
Бидете цврсти во ставот и истрајни во објаснувањето дека касањето не е дозволено, дека е погрешно и дека ги повредува луѓето.