Најдобриот совет за родители на мали дечиња

Една мајка искрено ги споделува своите фрустрации со нејзиното 2 годишно детенце и советот кој го променил нејзиниот живот:

Немојте да ме сфатите погрешно, 2 годишните дечиња се прекрасни. Тие се радознали и независни. Како и да е, овие 2 карактерни квалитети исто така правеа да сакам да си ја искубам косата и да си ја удирам главата во ѕидот. (само сум искрена)

Се сеќавам дека еден ден мојот син го помина целото утро правејки нешта, кои не требаше да ги прави. Го будеше помалиот брат, ми ги поставуваше истите прашања по безброј пати и ми требаше само една минута мир. Бебето спиеше и тој конечно се заигра со слагалка, јас излегов во градината за да го пуштам цревото со вода. Кога се вратив назад, само миг подоцна, го видов син ми како како се потпира на стаклената врата и како ме гледа со најнеодолива насмевка. Срцето ми се стопи и посакав да го земам во раце и да му дадам голема прегратка. Посегнав да ја отворам вратата, но не можев. Тој ја заклучил.

Немав со мене мобилен телефон, но за среќа мојот сопруг сеуште беше дома, тој само што излезе од бањата. Ја отклучи вратата, откако јас се качив по надворешните скали и безмилосно удрив по прозорот во бањата. Бев толку исфрустрирана што само сакав да плачам, а не беше ни 9 часот наутро. Можете ли да се пронајдете себе си во ова?

 



Решив да прогуглам родителски совети за тодлери, бидејки сите мои трикови не успеаја. Тогаш дојдов до мајката на сите родителски совети. Беше совет од Michelle Duggar - мајка на 19 деца. Ако некој има искуство во одгледување тодлери, тоа е таа. Таа вели дека кога сака да зборува со нејзините тодлери, прво задолжително се осигура дека гледаат во неа, пред да каже било што. Таа вели: Ако ги немате нивните очи, тогаш ги немате ни нивните срца.

Тој супер едноставен совет ми го промени животот. Сериозно. Сега јас и мојот сопруг внимаваме децата да не гледаат во очи додека им зборуваме или им даваме инструкции. Тоа прави драматична разлика. Сега можам да видам како тие не ме ни слушаат додека се обидувам да зборувам со нив, додека се заиграни со некоја играчка или трчаат наоколу низ куќата. Кога ќе ги смирите и ќе ги натерате да се фокусираат на вас навистина ги имате и нивните срца.

Таа ноќ сакав повторно да плачам, но овој пат од благодарност. Толку сум благодарна што други мајки биле пред мене и можам да ја споделам нивната мудрост. Толку сум благодарна за овие мали луѓе со кои Бог не благословил.