Децата имаат најпозитивни чувства кон мајките, кои ја почитуваат нивната автономија

мајка и деца

Мајките, кои го подржуваат чувството за автономија на нивните деца се гледани попозитивно од нив. Студија на Универзитетот во Мисури, вклучила повеќе од 2000 мајки и нивните деца. Бил мерен досегот до кој мајките биле управувачки настроени или досегот до кој мајките ги контролирале активностите - во игра кај децата на 2 годишна возраст и потоа во дискусија за областите на несогласување кога децата биле во 5-то одделение.

Истражувањата покажуваат дека квалитетот на односот мајка - дете има големо влијание врз социјалниот, емоционалниот и академскиот развој на детето.

Иако претходни студии ја демонстрираа важноста на подржување на детската автономија. досега студиите не осврнуваа на влијанието кое го има родителското почитување на детската автономија врз односот родител - дете.

Кога мајките претерано ја контролирале играта на малите деца, тие деца имале помала желба да се вклучат со нив. Почитувањето на автономијата е важно, не само за развојот на децата, туку и за формирање на позитивен однос родител - дете.

Мајките кои биле многу контролирачки во времето кога нивните деца биле тодлери, често останувале такви и кога нивните деца влегувале во адолесценција. Со малите деца мајките претежно употребувале физичка контрола, а со постарите деца често пати управувањето станувало вербално и психолошко, како ограничување на она што децата смеат да го кажат или недозволување да искажат што мислат. Не изненадува тоа што нивните деца почнувале да ги гледаат во негативно светло.

Дозволувањето на децата да имаат одредено ниво на автономија не значи дека не треба да им се постават правила или да им се обезбеди инпут. На пример, учењето на децата да не ја преминат улицата пред претходно да погледнат дали има возила, не влијаело негативно врз односот мајка - дете, како што тоа го правела психолошката контрола - предизвикувањето на вина кај децата и кажувањето да мислат, да чувствуваат и да играат на одредени начини.

Многу пати родителите мислат дека ова контролирачко однесување е правилниот начин за да се одгледаат децата. Но оваа студија покажа дека дозволувањето на децата да имаат одредена автономија, согласна со нивната возраст за да донесуваат безбедни решенија е добра за децата и вообичано тие ќе донесат мудри одлуки, ако претходно биле поучени за безбедните избори, како и последиците.

Добар почеток е родителите да почнат отворено за дискутираат со нивните деца и да им дозволат да ги искажат нивните гледишта. Кога им даваат на децата инструкции, да им ги објаснат причините, наместо да речат: Оти јас така реков.