Татковците кои пушат пред зачнување на бебињата им ги зголемуваат шансите астма

татко пуши

Истражување кое беше презентирано од страна на Европското респираторно здружение (ERS), на Интернационалниот конгрес во Минхен, покажа поврзаност помеѓу пушењето на таткото пред да биде зачнато бебето и појавата на астма кај детето. Ова откритие е само уште една поткрепа на многубројни студии врз животни, кои сугерираат дека изложеноста на таткото пред зачнување може да му наштети на детето.

Студијата ги анализирала пушачките навики на 13000 мажи и жени. Резултатите покажале дека неалергиската астма била значително почеста кај деца чиј татко пред зачнувањето пушел. Ризикот бил поголем ако таткото почнал да пуши пред 15 годишна возраст и се зголемувал со зголемување на должината на пушење.

Др. Cecile Svanes, од Универзитетот во Берген - Норвешка, вели:

Оваа студија е важна затоа што е прва која разгледува како пушачките навики на таткото пред зачнувањето влијаат врз респираторното здравје кај децата. Резултатите ни овозможуваат да претпоставиме дека ова се однесува и на изложеноста на други видови загадување на воздухот. Таа уште додава дека е важно да се воведат интервенции кои ги предупредат младите мажи и жени на опасноста од пушењето врз здравјето на нивните неродени деца во иднина.