Видео: Како правилно да го поставите бебето на градата

Од: Твое Бебе on Петок, 04/03/2011 - 16:21
новороденче и мајка

Доењето треба да биде безболно. Бебето се раѓа си инстинкт за цицање, но мајката е потребно да научи како правилно да го дои. За кратко време ќе воспостатавите удобно доење.

На анимацијата во првиот дел е прикажано неправилно поставување на брадавицата во устата на бебето. Брадавицата е притисната од тврдиот дел на непцето на бебето и во таков случај доаѓа до разранување и болка.

Во вториот дел од анимацијата, брадавицата е длабоко во устата на бебето и наместо на тврдиот дел на непцето, поставена е во задниот - мек дел. Тоа е правилно доење и не треба да биде болно.

Со правилно доење ќе се поштедите од болка и прерано прекинување на доењето.