Кои бои во спалната соба ќе ви овозможат најдобар одмор

Научниците се обидоа да дознаат како влијаат боите во спалната соба и кои бои е најдобро да се одберат за непречен сон.

Се покажало дека сината боја во спалната соба е најдобар избор за да добиете најдобар одмор и речиси 8 часа сон во текот на ноќта, како и будење со чувство на среќа и позитивност.

 


Плавата боја во спалната е најдобар избор за да си обезбедите квалитетен сон




Според анкететата сината боја е поврзана со мир, смирувачки чувства и се смета дека ја забавува работата на срцето и го намалува крвниот притосок.

Зелената и жолтата боја се нашле исто помеѓу победниците. Оние кои ги избрале овие бои, си обезбедиле по седум часа и 40 минути сон во текот на ноќта.

Најдобро е да се избегне пурпурната боја, затоа што е премногу стимулирачка и може да ги намали ноќните часови на одмор на помалку од шест часа. Сивата и кафеавата пак исто така не се добар избор, затоа што даваат чувсто на депресија и монотонија.

Студијата е спроведена од страна на Травелоџ, а опфатила околу 2000 дома во Велика Британија, за да го испита влијанието на бојата врз квалитетот на спиењето.
 


Луксузната златна боја во спалната соба не овозможува доволно сон




Резултатите покажале дека луѓето кои спијат во спални соби со мирни бои, како на пример жолта, сина или зелена, добиваат најквалитетно спиење во текот на ноќта.
 
Chris Idzikowski, експерт од центарот за сон во Единбург, изјави:
 

Ова се вчудоневидувачки резултат, бидејки постојат специјализирани рецептори наречени ганглиски клетки во мрежницата на нашите очи, кои се најчувствителни на сина боја.

Овие рецептори и даваат информации на областа, која се наоѓа длабоко во нашиот мозок и го контролира 24 часовниот ритам, и влијае на тоа како функционираме и како се чувствуваме во текот на денот. Интеракцијата помеѓу светлината, спиењето и будноста е исклучително важна.



Британците кои спиеле во пупрпурни соби добивале најмалку сон. Научниците велат дека причина за ова би можело да биде тоа што пурпурната боја дава ментална стимулација и тоа прави да биде тешко да се исклучите после напорниот ден. Спиењето во пурпурна соба е поверојатно дека ќе предизвика живописни соништа, па дури и кошмари, а тоа резултира со чувство на умор наутро.
 


Се покажало дека пурпурната боја дава премногу ментална стимулација




Студијата исто така покажала дека бојата влијае и на другите активности во спалната. Паровите кои спиеле во спална соба со боја на карамел, воделе љубов во просек три пати неделно. Но, оние кои спиеле во црвена спална соба воделе љубов само еднаш неделно.


Колку сон дава секоја боја?



Сина 7 часот 52 минути
Жолта 7 часот 40 минути
Зелена 7 часот 36 минути
Сребрена 7 часот 33 минути
Портокалова 7 часот 28 минути
Црвена 6 часа 58 минути
Златна 6 часа 43 минути
Сива 6 часа 12 минути
Кафеава 6 часа 05 минути
Пурпурна 5 часа 56 минути