Бебенце родено во 23-та недела од бременоста

 

Докторите го нарекле "вистинско живо чудо"

Кога се родил малиот Лукас тежел само 680 грама, но после 4 месеци, а 4 дена пред терминот за породување тој заминува дома во одлична состојба.

Кога се родил неговата рака била толку мала, што едвам можел да го држи малиот прст на мајка си.

Лукас една недела по раѓањето


Неговата мајка Трејси, кога била гости кај нејзина братучетка почнала тешко да крвари, а вели дека животот им го спасила присебноста на роднината, која веднаш се јавила во брза помош и ги следела упатствата што и биле дадени. Осум месеци претходно се случило нешто слично, Трејси изгубила ќерка во 18-та недела од бременоста заради истата причина - одлепување на плацентата.

Кога се случило крварењето Трејси изгубила свест и паднала во шок. Во болницата лекарите рекле дека мора веднаш да се породи. Лукас се родил во 23 - седмица, време кога во В. Британија абортусот сеуште е легален.

Лекарите не знаеле дали ќе преживеат ниту мајката, ниту бебето - на кое му давале 1 спрема 4 шанси дека ќе преживее.

Мајката вели:

Го гледавме како расте во инкубатор, а тоа требаше да се случува во мојата матка. Сега сме пресреќни што си го земаме дома. Добивањето на лотарија не може да се спореди со она што го чувстуваме сега.

Пресреќните родители со синот


Парот веќе има 2 деца.

Кога Лукас имал 6 недели му била направена операција на срцето за да се корегира отворен залисток на срцето. Еден месец покасно поминал операција на окото за да се спречи слепило.

Сега тој ја напушта болницата во здравје и со одличен напредок.

Поука дека никогаш не е време за откажување од надежта. Чуда сеуште се случуваат.