Шест годишно девојче со потенцијална смртоносна алергија живее нормален живот благодарение на нејзиното куче

Малата Меган страда од тешка алергија на бадеми и кикиритки и доколку вкуси и најмала количина може да западне во анафилактички шок. Нејзиниот нормален живот го овозможува нејзиното куче Лилибели, кое е истренирано да препознае дали во некоја храна ги има состојките на кои Меган е алергична и доколку е така да ја крене шепата за да и го стави тоа до знаење.

Освен тоа Меган страда и од екстремно ретко генетско нарушување "туберозна склероза комплекс" кое предизвикува појава на тумори во мозокот и другите органи, а може да предизвика грчеви, аутизам, забавеност во развојот итн. Лилибели е истренирана однапред да ги сеќава нападите и да ги извести другите луѓе околу нив. А за тоа време се грижи за Меган: ја лиже за раката, ја утешува и лежи до неа додека не завршат нападите.

Меган и Лилибели покажуваат огромна приврзаност една спрема друга

Меган ја добила Лилибели во 2012 година, а покасно таа била обучена да биде нејзино службено куче.

Лилибели и дава огромна сигурност не само на Меган, туку  и на нејзината мајка. Нејзиното присуство и овозможува на Меган да живее нормален живот.

Лилибели на часеви по балет заедно со Меган. Доколку во близина на Меган има од алергените таа ја крева шепата.

Тие се неразделни, заедно и патуваат.

Лилибели ја придружува Меган дури и на болнички кревет, грижејки се постојано за нејзината безбедност.


Мајката на Меган вели дека секогаш има ризик дека Меган ќе дојде во контакт со алергените и дека на нејзините 7 години таа не е целосно свесна за опасноста која ја демне. Но со Лилибели таа се чувстува многу посигурно, има поголема самодоверба и може да живее нормален живот.