Десет годишно девојче ја породило мајка си - исповед на гордата мајка

мајката и децата

Малата Trinity Culley помогнала да се роди нејзината сестричка, а го употребила тоа што го имала научено од тајно гледање на документарецот One Born Every Minute - противно на желбите на нејзините родители, кои сметале дека таму има сцени кои не треба да ги гледа.

Кога пукнал водењакот на нејзината мајка 2 недели пред термин, таа веднаш се впуштила во акција. Земала крпи и помогнала во породувањето во дневната соба.

Додека таткото очајно се обидувал на телефон да договори превоз за да ја пренесе родилката во болница, Тринити смирено ги собрала крпите и ја охрабрила мајка си да не се грижи и дека се ќе биде во ред.

Таа вели:


Мојот водењак пукна и сопругот беше на телефон за да и каже на неговата мајка да не однесе во болница.


Но, додека стасала бабата бебето веќе било родено.


Кога започна се, Тринити се сврте кон мене и рече: Во ред е мамо, гледав Born Every Minute. Ќе одам да земам крпи.

Таа беше прекрасна. Не можам со зборови да опишам колку сум грода на неа. Мислам дека многу девојчиња на нејзина возраст немаше да бидат така смирени и да знаат што треба да направат.

 

 

мајката со децата


Г-ра Кули, која сега има 4 деца се породила додека незиниот сопруг зборувал на телефон со службата за итна помош. Таа го слушнала кога рекол: Можам да видам лице, ох, еве го и телото. Амбулантата пристигнала 5-10 минути подоцна, но веќе се било завршено.

 

сестричката со братчето



Мајката и бебето биле прегледани, но ниту еден од нив немал потреба од третман.

Браво за малата акушерка!