7 Месечно бебе преживеало сообраќајка откако било исфрлено во автоседиште повеќе од 7,5 метри

Малата Медисон

7 месечната Madison Goldsmith е многу среќно девојче, она што го преживеала практично е неверојатно. Додека патувале со нејзината мајка и уште една 15 годишна девојка доживеале стравотен удар во сообраќајка. При ударот седиштето за кола заедно со бебето било исфрлено од колата и одлетало повеќе од 7,5 м во воздух.

Несреќата се случила во Охајо. Возилото били удрено попречно од друго возило, кое прелетало на црвено светло. Од ударот автоседиштето на бебето се откачило и одлетало во воздух низ прозорот на возилото.

 

седиштето за кола



Кога полицијата стасала на местото на несреќата и кога го виделе превртеното седиште за бебе, тие биле сигурни дека бебето не преживеало. Но, кога го свртиле седиштето останале заперпрастени: бебето ги отворило очите и почнало да се смее.

Малата Медисон имала само модринка на главата. За среќа таа не ни знаела што се случува, така да поминала без траума. Нејзината мајка вели дека тие се трауматизирани, но Медисон не е.

Полицијата води истрага за да утврди дали седиштето било неправилно прицврстено или пак имало друга грешка, која предизвикала да биде исфрлено од колата.

 

 

сообраќајката

Пријателка на семејството вели:

Бог не прави грешки. Постојано им кажувам на луѓето. Кога ќе се случи овакво нешто, тоа се е Божја волја!