Чудо од бебе се родило бидејки лекарите го залепиле за матката на мајката

Етан е здраво бебе

После цели 15 години борба да добијат бебе, Ема Рајли (43) и нејзиниот сопруг Пол (42) излегле како победници. Нивниот син Етан бил роден со помош на иновативна техника, при што ембрионите добиени со ин витро третман, се мачкаат со леплива течност за да се зголемат нивните шанси дека ќе останат и ќе се имплантираат во матката.

Ема вели дека моментот кога го земала Етан во нејзината прегратка бил најемотивниот момент и конечно знаела дека е мајка:

Имавме толку години разочарувања, но конечно го имаме нашето чудо бебе - и тоа благодарение на лепило.

Концептот тој да биде залепен за мојата матка изгледаше чуден, но секако беше ефикасен.

Неколку години се обидувавме да добиеме бебе, но ништо не се случуваше. Направивме бројни испитувања, но лекарите не можеа да најдат ништо што не е во ред кај нас двајцата. Мислев дека ми е судбина никогаш да не станам мајка. Ми се кршеше срцето, како што минеа годините, така и мислата дека ќе станам мајка стануваше се подалечна.


Етан се родил во 37 недела, откако Ема во 36 недела од бременоста имала тешко крварење. Тој е здраво бебе и одлично напредува.

 

Етан со родителите



Истражувањата покажуваат дека употребата на лепило ги зголемува шансите за успех за 8%.

Како лепило се користи вискозен раствор од хиалурон, материја која природно ја има во нашето тело. Помеѓу другото е присутна и во јајниците и матката. Познато е дека нивото на хиалурон во матката се зголемува во време кога треба да се случи имплантацијата на ембрионот.

Студиите покажуваат дека ембро лепакот е особено успешен кај пациенти кои се постари од 35 години, пациенти со неуспешна имплантација и кај оние со необјаснета - идиопатска неплодност.