Бебе се спасило од абортус со клоцање

бебето спасено од абортус

Fay и Michael Murrish биле пресреќни кога дознале дека го очекуваат нивното трето бебе. Но, прегледот во 20-та недела открил ужасни вести, нивното неродено дете имало синдром на лево хипопластично срце и многу мали шанси дека ќе преживее. Всушност лекарите биле толку сигурни дека бебето нема да преживее што два пати им препорачале да родителите да го абортираат.

Тогаш се случило нешто чудесно, нероденото бебе почнало силно да клоца и ултразвукот покажал нешто што на родилтелите им дало сила да се борат за него.

 

Шанел покажува кренат палец



Мајката објаснува:


Ни рекоа дека Шанел може да има операции, но дека има само 50% шанси дека ќе ја преживее првата, а потоа ќе треба да има уште две други. Ни кажаа дека очекуваното траење на нејзиниот живот е додека стане млада возрасна жена, а дека потоа ќе биде потребна трансплантација на срце. Кога ќе го слушнете тоа се прашувате дали можете да го донесете детето на свет. Но, Шанел почна да клоца. Немаше шанси да можам да ја прекинам бременоста. Знаев дека таа сакаше да живее и на ултразвукот ни покажа кренат палец.


Шанел се родила со царски рез и била итно однесена на операција. Таа станала најмладото бебе во В. Британија кое поминало операција на отворено срце и кое сега е одлично. Мајката вели:


Шанел оди од сила во сила, ја помина не само првата операција, туку и втората кога имаше само седум дена.


Дефектот се случува кога левата страна на срцето не се формира правилно и е многу редок.