Бебето кое беше оживеано во прегратката на мајката полни 5 години

по раѓањето - оживеан во прегратката на родителите

Пред 5 години приказната на Kate и David Ogg и чудото кое се случи со нивното бебе го обиколи светот, а воедно потикна свесност за важноста на кенгур негата за предвремено родените бебиња. 

 

близнаците

 

ЧУДО

 

Брачниот пар после повеќе години обиди да добијат пород биле пресреќни кога дознале дека очекуваат близнаци. Но, во 26-та недела Кејт одненадеш добила породилни болки. Близнаците се родиле на растојание од 2 минути, се родиле со цел водењак. Девојчето, Емили, било добро и кога го скинале водењакот испуштила силен плач. Момчето пак било тивко и престанало да дише. Лекарите не успеале да го потикнат дишењето на малиот Џејми, но по 20 минути безуспешни обиди го прогласиле за мртов и им кажале на родителите дека не можат да сторат ништо повеќе.

Мајката не сакала да прифати дека тој е мртов, го одмоткала од ќебенцето, ја раширила својата облека, го ставила на градите и го повикала сопругот да дојде во креветот. Побарала и тој да ја соблече кошулата за да го затоплат бебето колку е можно повеќе, бидејки било студено.

 

родителите и бебето



Кејт и Дејвид му кажувале на малиот Џејми за плановите кои ги имаат за него и за неговата сестра близначка.

По некое време, малиот Џејми како да се обидел да вдише воздух, но лекарите рекле дека тоа е само рефлекс. Сепак Кејт не сакала да помисли на откажување, таа вели:



Можеби звучи лудо, но штом се обидуваше да вдише - значи во него сеуште имаше живот, а јас немаше лесно да се откажам.

Се обидувавме да го убедиме да остане. Му кажавме како се вика и дека има сестра близначка, за која треба да се грижи. Му кажавме колку тешко дојдовме до него.

Тој наеднаш воздивна, ги отвори очите и ја зграби раката на Дејв.

Ако дозволев лекарите да го изнесат од собата, тој ќе беше мртов.


Кога на близнаците за прв пат им ја кажале нивната приказна, Емили не можела да престане да плаче и да го прегрнува Џејми.

 

мајката и децата

 

 

близнаците


Тие имаат уште едно помало братче, Чарли, кое на сите им раскажува дека неговиот постар брат бил мртов, а сега е жив!

 

трите деца

 

Чудото продолжува



Џејми е вистинско чудо. Не само што бил прогласен за мртов, па ожевеал, туку од неговото раѓање па до сега немал никакви медицински проблеми. Лекарите стравувале дека заради недостаток на кислород во периодот во кој не дишел, би имал како последица церебрална парализа. Но, ништо од тие стравувања не се остварило, Џејми е совршено нормално и здраво момче!

Тој на 25 Март ќе прави 5 години.

Му посакуваме среќен роденден!!!