Близнаци станале татковци во ист ден, но сличностите не завршуваат таму

близнаци

Браќата близнаци Jarrell и Jeromme Spence станале татковци во ист ден, но сличностите не завршуваат таму. Џером и неговата партнерка Теган му посакале добродојде на синот Камерон во 2.04 часот во понеделникот утрото.

Џарел пак со неговата парнерка Франческа станале родители на нивото прво бебе во истата болница во 4.34 часот, само 2,5 часа подоцна. Не само што бебињата се родиле во ист ден и во иста болница, тие биле родени со помош на истата акушерка, во истиот родилен базен.

Џером вели:


Прво дојдовме јас и Теган и за неколку часа се роди малиот Камерон. Потоа го измија базенот и им го предадовме на Џарел и Франческа.


Двајцата браќа знаеле дека ќе станат татковци на момчиња, а нивните партнерки имале и ист термин за породување, но тие никогаш не можеле ни да замислат дека бебињата навистина ќе пристигнат во ист ден.

Акушерката било исто толку изненадена, таа вели:


Никогаш не сум слушнала за овакво нешто, восхитувачки е!


Почесто се случува да се породат во ист ден сестри близначки.