Видео: Новородени бизначиња цврсто се држат за раче само неколку минути по раѓањето

бизначиња

Сите знаеме дека близнаците имаат посебна поврзаност. Има нешто посебно во тоа да ја делите утробата на мајката со уште едно човечко суштество во првите 9 месеци од животот. Потоа таа близина преминува во животна поврзаност.

На видеото се прикажани новородени близначиња, од Шпанија, кои иако со главите се свртени на спротивна стана, толку цврсто се држат за рачињата.

Даниел и Марија биле родени со царски рез, а за раче се фатиле само неколку минути по раѓањето.

Лекарот нивното држење го опишува како инстиктивно.

Родителите велат дека не можат да поверуваат колку брзо фотографијата се раширила низ интернетот. Но, мистериите на животот отсекогаш го привлекувале нашето внимание, а особено кога се поврзани со најмилите.