Познатите близначки полнат 19 години

спасоносната прегратка

Кајри и Бриел Џонсон се родени на 17 Октомври 1995 г, цели 12 недели пред термин. Во тоа време стандардна пракса во Медицинскиот центар на Централен Масачусетст било двете близнчки да бидат во посебни инкубатори за да се намали ризикот од инфекција.

Кајри, која тежела околу 1 кг. добро напредувала, но нејзината помала сестра имала проблеми со дишењето и срцевиот ритам, слабо добивала на тежина, а нејзиното ниво на кислород било ниско.

На 12 Ноември малата Бриел дошла во критична ситуација, нозете и рацете и помодреле додека се обидувала да земе воздух, а ударите на срцето значително се покачиле. Нејзините родители гледале ужаснати, преплашени дека нивната мала ќерка можеби ќе умре.

Очајни времиња бараат очајн мерки. Една од сестрите во болницата откако видела дека сите конвенционални третмани не помогнале, решила да се обиде да проба процедура, која била вообичаена во некои делови од Европа, но не се применувала во САД. Откако добила согласност од родителите ги ставила двете сестрички во исто креветче. Само што ја затвориле вратата на инкубаторот Кајри ја ставила нејзината рака околу малата сестричка. Тогаш срцето на Бриел се стабилизирало, а температурата се вратила во нормални граници.

Кога биле пуштени од болница сестрите продолжиле да спијат во ист кревет и продолжиле одлично да напредуваат. Дури и кога имале 5 години спиеле заедно и прегрнати, велат родителите.

Фотографијата од двете бебиња, уште наречена и "Спасоносна прегратка" го обиколи светот и потикна интерес за заедничко спиење на близнаци, тројки и четворки. Во болницата на Универзитетот во Масачусетс ставиле повеќе од 100 предвремено родени близнаци во ист кревет, во период од 5 години и не бил забележан ниту еден случај на пренос на инфекција. Клинички студии покажаа дека предвремено родените близнаци имаат значителна корист кога се ставени во ист кревет.

Кајри и Бриел денес полнат 19 години и велат дека сеуште имаат исклучително силна врска.
 

двете сестри

 

прегратката