3 Годишно девојче спасено од верното семејно куче

Викторија и нејзиното куче

Еден студен фебруарски ден 3 годишната Викторија исчезнала од својата куќа во блиската шума, во Аризона. Таа помислила дека нејзиното куче Блу се загубило и без да приметат нејзините родители успеала да се искраде од куќата за да го бара. Биле ангажирани спасувачки тимови, кои ја пребарувале целата област. После 15 часа потрага, од хеликоптер била забележана малата Викторија како лежи во пресушено корито на поток, а до неа бил верниот Блу.

Кога медицинските лица пристигнале Блу не дозволил туѓинци да се приближат до неа, но кога малото девојче станало и се насмевнало, тој се опуштил и двајцата со хеликоптер биле пренесени на безбедно место.

Викторија имала смрзнатини, но нејзините родители велат дека нејзиното верно куче со кое израснала и го спасило животот. Портпаролот на шерифот вели:

Кучето ја чувало будна, затоплена и и правело друштво за време на многу студената ноќ.

Блиската врска помеѓу кучето и девојчето уште повеќе се зацврстила по инцидентот.

Уште една од неброените приказни за херојската пожртвуваност и верност на најдобриот човеков пријател.