Храбра мајка му дала предност на бебето во стомакот

мајката и бебето

Храбра мајка го ризикувала својот живот и здравје одложувајки ја хемотерапијата додека се роди нејзиниот син. Justine Colbeck (36) кога била во 31 недела од бременоста дознала дека боледува од рак на дојка. Решила да ја одложи хемотерапијата за му овозможи подобри шанси на синот да се роди здрав. Не само тоа, туку дури успеала и да го дои првите 10 дена откако го родила додека ја примила првата хемотерапија.

После мастектомија, радиотерапија и хемотерапија таа сега закрепнува и воопшто не жали што го одложила третманот. Таа вели:

Воопшто не беше тешка одлуката, нашето бебе мораше да биде на прво место.

Ракот можеше да се рашири затоа што го одложив третманот. Седењето во чекалната со моето 10 дена старо бебе за да дознаам беше најужасниот момент во мојот живот.

Ако имав третман за време на бременоста, секогаш кога Себастијан ќе се разболеше ќе се прашував дали е тоа моја вина.

Не би можела да живеам со тоа.


Родителите веќе имаат 6 годишно синче и отсекогаш сакале да има брат или сестра, но после 5 години бременоста дошла како изненадување. Мајката вели:

Себастијан беше многу посакувано бебе, но работев полновремено и мислите за уште едно бебе беа преместени некаде во позадина на мојот ум.

Кога откривме бевме воодушевени.
 

братчињата

Двете братчиња

Градите ми станаа поголеми и имаа грутки за време на моите бремености - заради тоа и знаев дека сум бремена, но како што напредуваше бременоста сфатив дека овој пат едната града стануваше помала.

Знаев дека нешто не е во ред и закажав средба со мојата бабица
.

После прегледот итно биле направени испитувања, кои покажале дека нејзините најлоши стравови се обистиниле - имала рак.

Потоа следела одлуката дали ќе ја одложи хемотерапијата или ќе ја почне со помала доза уште во бременоста. Таа вели дека заради што имало малку докази за тоа какви долгорочни последици можат да имаат лекарствата врз бебето, таа решила да го одложи почетокот на хемотерапијата. А исто така, ако ја почнела хемотерапијата уште во бременоста, ќе значело дека нема да може да го дои бебето по раѓањето:

Првиот син го доев 9 месеци. Го сакав тоа и чувствував дека така му давам најдобар почеток во животот на бебето.

 

среќното семејство


Породувањето било индуцирано 3 недели пред терминот, на Бадник. Себастијан се родил потополно здрав и дури бил доен 10 дена додека да почне хемотерапијата.


После хемотерапијата и била направена мастектомија и почнала со радиотерапија. Потоа следат инекции со хемотерапија, а во наредните 10 години ќе треба да прима таблети за да се спречи враќањето на болеста. Сепак храбрата мајка вели:

Не жалам за мојата одлука ниту за секунда.

Никогаш не би можела да си простам себе си, ако нешто му се случеше на Себастијан.

 

цело семејство